Европа
Конзервативците на Дејвид Камерон пред нов петгодишен мандат
По преброени три четвртини од гласовите на британските парламентарни избори кои беа одржани во четвртокот, конзервативците на премиерот Дејвид Камерон освоиле 203 од 650 пратенички мандати, а излезните анкети укажуваат на тоа дека тој број би можел да порасне на 316 до 325 мандати во долниот дом на парламентот, што претставува нешто помалку од апсолутното мнозинство и дава големи можности за формирање на владата, пренесува Reuters.
Со ова, конзервативците на Дејвид Камерон се пред нов петгодишен мандат на владеење со Британија по неочекувано добрите изборни резултати, но ќе бидат соочени во повторни повици за независна Шкотска од страна на шкотските националисти, кои остварија натпросечни резултатите.
Лидерот на опозициските лабуристи Ед Милибанд, иако се уште не го признал поразот, во петокот утрото изјавил дека „длабоко жали поради разочарувачката и тешка ноќ“.
Камерон изјавил дека се надева дека ќе формира влада, откако неговата партија имала „моќна ноќ“.
Според проценките на BBC, партијата на Камерон би можела да освои и до 325 мандати. Во пракса, повеќе од 323 мандати во парламентот значат мнозинство бидејќи претставниците од северноирската партија Шин Фејн одбиваат да седнат во пратничките клупи.
Според анкетите, лабуристите би можеле да освојат 239 мандати и тоа би бил нивниот најлош изборен резултат во последните 30 години.
Шкотската национална партија (СНП) во четвртокот освои мнозинство на британските парламентарни избори одржани во Шкотска, што би можело да поттикне нова битка за независноста на оваа британска покраина. По објавените резултати во повеќе од половина шкотски изборни единици, СНП ги освоила сите места, а според анкетите партијата би требало да освои 58 од вкупно 59 шкотски мандати.
Сепак и во случај на надмоќна победна на СНП, партијата би можела да биде исклучена од идната британска влада која по се изгледа ќе биде формирана од страна на Камерон, што би можеле да доведе до нови конфронтации околу шкотското настојување на остварување на поголема автономија, односно независност.
Доколку таквиот резултат биде потврден, СНП не би имала клучно влијание во парламентот, на што партијата се надеваше во пресрет на изборите. Аналитичарите пред изборите оценуваа дека потенцијалната коалиција помеѓу СНП и лабуристите би можела да го сруши Камерон и да состави нова влада.
Шкотска секогаш била силен поддржувач на лабуристите а на овие избори тие би можеле да останат без мандати во таа покраина, предавајќи ги своите пратенички мандати на СНП, која на претходните избори во 2010 година освои само шест мандати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.