Европа
Ковчег со кукла со ликот на Ердоган оставен пред турската амбасада во Москва

Млади руски активисти положија во петокот ковчег во кој лежеше кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган недалеку од зградата на амбасадата на Турција во Москва, во време кого во Русија расте гневот поради турското соборување на рускиот бомбардер за кое тврди дека е извршено над сириска територија, а Анкара одбива да се извини за инцидентот.
„Челниците на партијата Родина (Татковина) денеска во близина на амбасадата (на Турција) положија ковчег со кукла на дување со ликот на претседателот Ердоган кој ја симболизира денешната турска политика“, објави партијата во соопштение.Дваесетина активисти учествувале во акцијата во текот на која се положени и два букета цвеќе со натписите „На непријателите на Русија„ и „На марионетите на САД“, според соопштението што го пренесува AFP додека руските медиуми не му посветија внимание.Оваа акција беше одржана во исто време кога во Новочеркаст беше погребан рускиот маринец Александр Посинич кој беше убиен од страна на туркменските бунтовници во Сирија – сириски државјани со турско етничко самочувство кои ги вооружува и поддржува Анкара – во операцијата за спасување на пилотите од урнатиот руски „Су-24М“.Градската управа на руската престолнина Москва не издаде одобрение за одржување на протестот пред амбасадата на Турција, а полицијата ги приведе двајцата организатора, но мораше да ги ослободи набрзо, бидејќи како пратениците во градскиот совет уживаат имунитет.На црноморскиот полуостров Крим кој со референдум истапи од Украина и се присоедини кон Руската Федерација, во петокот е запалена кукла со ликот на Ердоган на главниот плоштад во Симферопол. Во Салекард, на рускиот Далечен север, на фасадите на неколку згради биле истакнати транспаренти со кои се повикува на бојкот на турските производи и патувањата во Турција, каде што само оваа година патувале околу пет милиони Руси, кои според некои процени во оваа земја потрошиле околу четири милијарди американски долари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.