Европа
Кралицата Елизабета го урива рекордот на кралицата Викторија
Кралицата Елизабета Втора на почетокот од септември ќе стане британскиот владетел со најдолг престој на престолот, а тоа ќе биде одбележано без помпа, посветувајќи им се на своите јавни обврски, велат од нејзиното окружување.
На 9-ти септември кралицата Елизабета Втора ќе го надмине периодот од 63 години и 216 денови кои на престолот ги мина нејзината прабаба, кралицата Викторија, којашто владеела во периодот меѓу 1837 и 1901 година, и тоа попладнето по средноевропско време. Точниот момент и час не може да се прецизира, бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, починал во сон и не се знае точно кога.
Владетелката има намера овој рекорд да го прослави без помпа. Ќе престојува во Шкотска, нејзиното вообичаено летно одморалиште, каде ќе отвори нова железничка линија.
Таквиот пристап, кој го карактеризира самоконтролата и чувството за должност, е вообичаен за стилот на владеењето на Елизабета, кој го наследила од својот татко, како и од дедо ѝ кралот Џорџ Петти, велат коментаторите во Британија.
Според историчарот Дејвид Старки, кралицата „постави рекорд во беспрекорниот интегритет и извонредно е почитувана“.
Ендргју Гимсон, кој неодамна ја објави историјата на британските монарси од 1006 година досега, вели дека е „невообичаено некој да биде крунисан толку млад и толку долго да живее“. Обично „кралот или кралицата не се крунисуваат толку млади, или доколку и се, исто така, умираат млади“.,
Според него, на владеењето на Елизабета Втора „ќе се гледа како на неверојатен потфат, бидејќи успеа да остане цврсто на престолот во периодот одбележан со толку големи општествени и економски промени“.
Кралицата Елизабета Втора на 12-ти мај 2011 година стана вториот монарх според должината на престојот на престолот на Велика Британија, веднаш зад легендарната кралица Викторија. Историчарите на британскиот дворец на споменатиот датум на престолот била 59 години и 95 дена, со што го надмина времетраењето на владеењето на кралот Џорџ Трети, кој владеел од 1760 до 1820 година.
Сега единствено најдолго владеење пред актуелната британска кралица е периодот на кралицата Викторија која владееше и управуваше со земјата 63 години и 216 дена, така што доколку сé биде во ред, Елизабета Втора на 9-ти септември 2015 година ќе стане монарх со најдолго владеење во британската историја.
Во своите 85 години кралицата Елизабета Втора и натаму продолжува со активниот општествен живот, исполнувајќи ги сите задачи на монархот. Во текот на долгите години владеење, кралицата само неколкупати го откажа своето учество на јавни настани.
Историчарите прават и споредби меѓу двете најдолговечни кралици. Така се наведува дека Викторија управувала со 70 земји, и никога не ја напуштила Европа, додека Елизабета во моментов е монарх на само 16 земји, но престојувала во 116 земји во светот во 265 официјални посети, што ја прави британски монарх кој најмногу патувал во историјата на кралството. Притоа , се забележува дека таа не поседува пасош./крај/мф/сн
Извор: The Telеgraph
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.