Европа
Лавров го обвини Обама дека ја присилил ЕУ на санкциите против Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини во понеделникот американскиот претседател Барак Обама дека ја присилил Европската унија да одреди санкции против Русија, во врска со украинската криза.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров своето тврдење го докажува со изјавите на американскиот потпретседател Џозег Бајден, кој минатиот четврток на 2-ри септември на универзитетот Харвард, кога покрај изјавата што предизвика бурни реакции во арапскиот свет дека сунитските сојузнички на САД ги финансирале и вооружувале сунитските екстремисти и џихадисти во Сирија, рече и дека земјите членки на Европската унија биле нерешителни да преземат економски перки против Русија.„Тој (Бајден) никому не му се извини (како што тоа го стори кон Турција и Обединетите Арапски Емирати), за изјавите на универзитетот Харвард за тоа дека САД ја присилиле Европската унија против својата волја и на штета на своите економски интереси да ги воведе антируските санкции“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.„Вистината е дека Европејците не сакаа да се определат. САД и американскиот претседател беа истрајни на тоа да преземат економски мерки против Русија“, изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден пред студентите на Харвард на кои им зборуваше за актуелните политички состојби во светот. „Со тоа, Џо Бајден, всушност, го потврди ставот која беше искажан во телефонскиот разговор на (помошничката државен секретар) Викторија Ниланд во јануари годинава со американскиот амбасадор во Киев (Џњф) Пает, кога тие разговараа за улогата на ЕУ во напорите да се унапредат интересите на Западот во Украина“, заклучи Лавров.На снимката од телефонскиот разговор меѓу Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Украина Џефри Пает, кој се одржал кон крајот на јануари, помошничката на американскиот државен секретар со омаловажување зборува за Европската унија и опцу. Меѓу другото, Нуланд вели дека не сака во украинската влада да го види лидерот на тогаш опозициската партија УДАР, светскиот боксерски шампион Виталиј Кличко, кој подоцна како сојузник на претседателот Петро Поршенко стана градоначалник на главниот град Киев. Амбасадорот предупредува, пак, на проблемите со лидерот на националистичката партија Свобода, Олег Тјагнибок. Двајцата дипломати се согласуваат дека во владата треба да влезе челникот на најголемата опозициска партија Баткившчина (Татковина), Јанцејук. Нуланд притоа вели дека Стејт департментот на САД го убедила генералниот секретар на Обединетите нации да испрати специјален пратеник во Украина. „Да оставиме со тоа да се занимаваат…, да ја пуштиме ЕУ (по што следува пцовка адресирана на сметката на ЕУ).Автентичноста на аудио записот САД формално не ја признаа, но Нуланд подоцна им се извини на колегите од Европската унија.Лавров, исто така, истакна и дека во Москва таквите случаи ги сметаат за „непристојни“. „Бидејќи борбата против тероризмот, како и решавањето на проблемот во Украина бараат дијалог со заемно почитување, заснован на рамнотежата на интересите на сите кои на некој начин се вовлечени во кризата“, рече шефот на руската дипломатија.Лавров заклучи дека Русија секогаш била отворена „во секој меѓународен проблем за соработка со нашите странски партнери врз основа на баланс на интересите“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.