Европа
Лавров го обвини Туск за разгорување на тензиите во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини во вторникот претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и бриселските бирократи за разгорување на тензиите меѓу Русија и Европската унија во врска со кризата во Украина.
На заедничката прес-конференција во Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со шпанскиот колега Хосе Мануел Гарсија Маргаљо, изјави дека претседателот Европскиот совет и поранешен полски премиер Доналд Туск „му се извинил“ во понеделникот на американскиот претседател Барак Обама на средбата во Вашингтон затоа што Европската унија не дејствувала толку брзо против Русија како и САД, пренесува агенцијата ТАСС.
Туск, кој засега не га коментираше изјавата на Лавров, е еден од главните заговорници на поостри санкции против Москва поради нејзината наводна улога во украинската криза. Лавров алудираше на изјавата на Туск непосредно пред средбата со Обама дека ЕУ и САД соработуваат во врска со санкциите против Русија, меѓутоа дека Европската унија не е подготвена за нов круг заострени санкции насочени против Москва.
„Низ процесот за градење консензус на градење консензус, членките на ЕУ самите треба да ги дефинираат границите на однесување на функционерите кои седат во Брисел и даваат изјави во името на сите 28 земји членки. Сега се случува бирократијата на ЕУ во Брисел да го разгорува судирите меѓу Русија и Европската унија“, рече Лавров пред новинарите.
Според него, бриселските функционери се обидуваат да ја компликуваат „нормализацијата на односите меѓу земјите членки на ЕУ и Русија која како партнер ка посакуваат многу земји, вклучително и Шпанија“.
Шефот на шпанската дипломатија Гарсија Маргаљо изјави оти смета дека нема основи за заострување на веќе наметнатите санкции против Русија поради Украина, имајќи предвид дека примирјето генерално се почитува на истокот од земјата. Што впрочем го потврди и украинскиот претседател Петро Порошенко кој во понеделникот вечерта во телевизиско обраќање изјави дека договорот од Минск за повлекувањето на тешкото вооружување од фронтот го почитуваат и украинските и бунтовничките сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.