Контакт

Европа

Лавров: Киев го одложи договорот со ЕУ, како што предложи и Јанукович

Објавено пред

Решението на сегашните украински власти да не ја активираат Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија е идентично како и барањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович од пред десет месеци, но тогаш беше можно да се избегнат бројните човечки жртви, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Според Лавров, „одлуката што ја донесоа ЕУ и Украина, до крајот на 2015 година да се одложи стапувањето на сила Спогодбата за придружување, односно оние сегменти од неа кои создаваат ризици за руската економија, во голема мера е идентично како и она што го бараше Виктор Јанукович“.„Тој (Јанукович) рече – ‘сакам да го одложам потпишувањето (односно стапувањето на сила), дајте ни повеќе време да размислиме. Доаѓањето до сличен резултат, кој беше можен во ноември 2013 година кога Виктор Јанукович одлучи да го суспендира времено потпишувањето, по десет месеци, но со огромна цена на човечки животи и разорувања, нема да оди во полза на оние кои го започнаа сето тоа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаврвов во интервју на Петтиот канал. Јанукович тогаш образложи дека поради тешката материјална состојба на Украина немал друг избор освен да им понуди на партнерите во ЕУ да се направи пауза, да се спроведат трилатерални разговори во формат ЕУ – Украина – Русија и да се побара во таквиот формат заемно прифатлива варијанта којашто ќе даде одговор на прашањата коишто се појавија во заемните економски и трговски односи. Според него, во тој момент Спогодбата во таквата варијанта, не им одговарала на националните интереси на Украина и ќе ѝ нанесела на земјата „огромни непоправливи штети.Поранешниот украински челник рече и дека Украина била ставена во тешка на ситуацијата пред самитот во Вилнус, а тоа се условите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за доделување кредит, зголемување на 50 отсто на цената на гасот за населението, замрзнување на платите, а тоа од своја страна претпоставувало и намалување на пензиите социјалната помош, што би го турнало населението во беда.Откако кон крајот на ноември 2013 година, украинската влада го суспендираше подготовките за потпишување на Спогодбата за придружување со ЕУ започнаа  масовните безредија по кои со посредство на ЕУ Јанукович се согласи да го врати уставот од 2004 година, однос претседателските овластувања да се префрлат во полза на парламентот, и да се спроведат предвремени претседателски избори. Меѓутоа, веќе следниот ден Врховната Рада (парламентот) од кој беа буквално протерани стотина пратеници на владејачката партија прогласи наводно самоотстранување на Јанукович од должноста. Киевските прозападни власта во април започна воена акција во југогоисточна Украина каде што се побуни рускојазичното население откако беше укинат законот за јазиците со кој рускиот го загуби статусот на службен. Според Обединетите нации до 11-ти септември во конфликтот загинале 3.200 цивили, а повеќе од 8.000 се ранети.Европскиот парламент и Врховната Рада на 16-ти септември истовремено ја ратификуваа Спогодбата за придружување, којашто требаше да стапи на сила на 1-ви ноември 2014 година. Меѓутоа во трилатералните договори меѓу Киев, Москва и Брисел, беше договорено имплементацијата на договорот за зоната на слободна трговија ќе биде одложено до 1-ви јануари 2016 година. За возврат Русија вети дека доколку се почитува договорот, нема да воведува мерки за заштита на својата економија, вклучително и воведување давачки за стоките од Украина./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија

Објавено пред

Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.

Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.

Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.

Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.

Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.

Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.

„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.

Автобусот патувал од Берлин до Цирих.

Прикажи повеќе...

Европа

(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт

Објавено пред

Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.

dobivaj vesti na viber

Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.

Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.

„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.

„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.

Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.

Прикажи повеќе...

Европа

Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца

Објавено пред

Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.

За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.

„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.

На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.

„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.

Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.

Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.

Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.

„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.

Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.

„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.

Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија11 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија13 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија15 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија15 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија17 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ18 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија18 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија18 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија21 час

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет21 час

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет22 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија22 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион22 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет22 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет22 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...