Европа
Лавров: Санкциите против Русија немаат врска со задачата за деескалацијата на кризата во Украина
Антируските санкции ја поткопуваат стабилноста на глобалната економија и немаат никаква поврзаност со задачата да се намали ескалацијата на кризата во Украина, изјави во петокот шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на состанокот на Советот на челниците на субјектите на руската Федерација при министерството за надворешни работи.
Европската унија и САД воведоа во повеќе наврати насочени санкции против руски функционери и државни компании, обвинувајќи ја Москва поради нејзината наводна улога во кризата во Украина со поддржување на рускојазичните бунтовници во источните региони. Иницијално санкциите беа воведени во март поради присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, откако тамошното доминантно руско население тоа го изгласа на референдум откако во Киев прозападните сили го соборија преку протести и безредија претседателот Виктор Јанукович, што западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
„Повеќепати изведовме конкретни факти коишто укажуваат на тоа дека санкциите воведени против нас се нелегитимни и еднострани, ја поткопуваат стабилноста на светската економија и немаат никаква врска со неопходноста да се постигне деескалација на украинската криза. Очигледно е дека ваквите рестриктивни мерки имаат двостран ефект“, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кого го цитира агенцијата ТАСС.
„Во голем број европски земји сé погласни се оние коишто се незадоволни од негативното влијание на рестрикциите врз националните економии, врз интересите на деловните кругови чиишто активности се поврзани со рускиот пазар“, додаде шефот на руската дипломатија.
Според Лавров, челниците на многу големи светски компании „ја потврдуваат подготвеноста да продолжат со активностите“ во Русија. „Се надеваме дека ќе надвладее здравиот разум“, порача Лавров.
„Сметаме дека е важно да се продолжат врските со сите европски партнери. Практиката покажува дека властите во земјите членки на ЕУ дома често заземаат поизбалансирана позиција отколку во Брисел, настојувајќи да го сочуваат акумулираниот со години потенцијал на добрососедството со Русија“, додаде.
Лавров најави притоа дека Москва ќе ги користи потенцијалите на меѓурегионалниот дијалог со земјите коишто не се приклучија на санкциите на Европската унија./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.