Европа
Лепен поомилена од Фијон меѓу Французите, излегувањето од ЕУ и НАТО дел од нејзината политика

Лидерката на партијата од француската крајна десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, го зазема 37-то место според популарноста меѓу своите сонародници, минувајќи го поранешниот премиер Франсоа Фијон, кој најверојатно ќе биде нејзин најголем противник на пролетните претседателски избори, кој е на 42-то место во според анкета, а истовремено во интервју вели дека Франција мора да излезе од Европската унија и од НАТО.
Двапати во годината магазинот Journal du Dimanche спроведува анкета меѓу Французите за „омилените лица“. Според резултатите од анкетата којашто ќе биде објавена во неделата меѓу првите 50 личности се и актерите Дени Бун, Софи Марсо и Жан Рено. Најомилено лице во Франција е актерот Омар Си, кој ја доби престижната француска награда Сезар за најдобра машка улога во „1+1 (Недопирливите)“.
Француските претседателски избори ќе се одржат во два круга, на 23-ти април и на 7-ми мај 2017 година. Според истражувањето на јавното мнение што го спровела агенцијата Harris Interactive, која беше објавена на крајот од ноември, Франсоа Фијон и Марин Лепен, ќе влезат во вториот круг со 26 односно 24 отсто поддршка, по што во вториот ќе победи поранешниот премиер и кандидат на партијата Републиканци со 67 наспроти 33 отсто.
А Лепен во саботата во интервјуто за грчкиот весник Димикратија вели дека Франција мора да излезе од составот на Европската унија и од НАТО.
„Frexit (француското излегување од ЕУ, според британското Brexit – з.н.) е дел од мојата политика“, вели челничката на Национален фронт.
„Што е ЕУ? Оваа организација, создадена без да се земат предвид ставовите на европските народи, се состои од олигархија на банкарите и технократи, како (претседателот на Европската комисија, Жан-Клод) Јункер и другите, коишто никогаш не ги избрал ниеден народ, ко работата во интересот на германските и француските банки, и спроведувајќи ја својата сопствена економска политика се соочуваат со краен презир од народите кои тие ги уценуваат“, вели Лепен.
„Луѓето мора да имаат можност да гласаат за ослободување од ропството и од уцените од страна на технократите во Брисел и да го вратат суверенитетот на своите земји. Англичаните го разбраа тоа и затоа гласаа за излегување од ЕУ, а покрај тоа и никогаш не ја сменија фунтата во евро“,вели челничката на крајната десница и кандидатка за претседател на Франција.
Таа смета дека излегувањето од еврозоната покрај Франција, треба да го направат и Португалија, Италија, Шпанија, Ирска, Кипар и Грција. „Идеално би било сите овие земји истиот ден со Франција да го сторат тоа, а јас ќе се обидам да ги убедам во тоа“, додава Лепен.
Според неа, „ЕУ е нож во срцето на националниот суверенитет на европските земји, а еврото не е валута, туку инструмент за уценување, кој го користи Брисел за спроведување на своите политики“.
„Каде беше воведено еврото, има зголемување на цените, на даноците и на невработеноста, се намалија платите и пензиите а граѓаните осиромашија. Во Британија, кога беше создадена финансиската криза (во 2008-та), започнаа со девалвација на фунтата, наскоро одново започна економскиот раст“, вели Лепен.
Смета и дека Европската унија мора да стане лабава конфедерација од држави, на кои ќе им бидат уважувани националните суверенитети, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) треба да биде затворен.
Лепен смета дека „повеќе нема потреба од НАТО“. „Блокот беше создаден кога постоеше ваквата закана од Варшавскиот договор и ширењето на комунистичкиот Советски сојуз…. СССР повеќе не постои, како ниту Варшавскиот пакт. Вашингтон го поддржува постоењето на НАТО за постигнување на своите цели во Европа“, оценува Лепен.
Кога станува збор за Франција, Лепен вели дека има намера да стави крај на неконтролираната миграција. „Ќе го повторам своето ветување дека на Франција ќе ѝ ја врата целосната контрола над нејзините државни граници ќе ставам крај на Шенгенскиот договор. Митот за општата слобода на движењето во Европа треба да биде погребен“, убедена е Лепен.
Натаму во интервјуто за грчкото неделно издание вели дека многу ги почитува и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.
Зборувајќи за Грција, Лепен вели дека кредитите доделени на земјата за излез од тешката долгогодишна криза не одат во грчкото општество, туку кај француските и германските банки, Таа ја обвини владејачката левичарска Сириза дека „ја предала Грција“, откако иако граѓаните на референдумот рекоа „не“ за новите жестоки реформи со кои беше условен третиот пакет финансиски помош потклекнала „на уцените од ЕУ“./крај/мф/сн
,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.
„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.
Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.
Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.
„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.