Контакт

Европа

Летонија се претвора во НАТО центар против руската „информативна војна“

Објавено пред

Летонија го најави престојното отварање на центар за комуникации во Рига, со поддршка на НАТО, за спротиставување на обидите на Москва да влијае врз руското национално малцинство во балтичките земји за време на украинската криза.

Одобрението на Атлантскиот сојуз за отворање центар се очекува „до крајот на летото“, истакнале за агенцијата АФП од летонското Министерство  за одбрана.

 

Балтичките земји се противат и ја осудуваат пропагандната кампања на Русија во медиумите на руското  малцинство кои сочинуваат една четвртина од жителите на Летонија и Естонија.

 

Летонскиот премиер, Лаимодота Страујумм истакнал дека Русија води „информативна војна“ во оваа поранешна советска република која влезе во ЕУ и НАТО во 2004 година.

 

„Владата во Летонија не дозволува странски земји да се мешаат во нејзините внатрешни работи и да ја поткопуваат државата“, истакнал тој во четвртокот во Парламентот.

 

Летонските пратеници во четвртокот одобриле закон за зголемување на расходите за одбрана на минимални два отсто од бруто домашениот производ до 2020 година, односно онолку колку што одреди НАТО./крај/мф/ап

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел по критиките почна да носи маска

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, почна да носи заштитна маска во јавноста, откако беше цел на критики поради тоа што не ја носеше, и покрај препораките на владата за сузбивање на коронавирусот.

Меркел се појави денес во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската Унија.

Ја симна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица, пренесува АП.

Меркел беше фотографирана со слична маска вчера за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.

Прикажи повеќе...

Европа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Објавено пред

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19 со дозвола на ниво на Европската Унија.

Брисел изјавува дека одобрувањето за ремдесивир е издадено по забрзана постапка по препораката на Европската агенција за лекови, која исто така беше усвоена од земјите членки на ЕУ.

Се додава дека издавањето на одобрението траело само една недела од препораката на Европската агенција за лекови, во споредба со вообичаените 67 дена колку што на Европската комисија обично и се потребни за да одобри некој производ.

Комесарот за здравство, Стела Киријакидес потенцира дека ова е значаен чекор во борбата против вирусот.

„Фактот што дадовме одобрување помалку од еден месец по барањето покажува колку е подготвена ЕУ да реагира што е можно побргу кога ќе се појави нов лек“, изјави Киријакидес.

Комисијата наведува дека на „ремдесивир“ сега му е дозволен условен промет, што е еден од механизмите на ЕУ направени за да се обезбеди ран пристап до лекови потребни за одговор на итни случаи како што е тековната пандемија.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни пари

Објавено пред

Со поддршка на експерти од Европол, полициската агенција на Европската унија, во две одделни операции во Шпанија и Романија минатиот месец биле откриени нелегални печатници за фалсификувани евра, односно романски леи.

Во операцијата во Шпанија, полицијата соработувала со колумбиските истражни тела, бидејќи како двајца главни осомничени уапсени се државјани на Колумбија, претходно познати на локалните власти за слични активности, пренесоа светските агенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ2 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија3 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет4 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија4 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија5 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион5 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа5 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет6 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија6 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет7 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија8 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион8 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија19 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет21 час

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт22 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија22 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија24 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Досие