Европа
Лидерот на ирачките џихадисти објави план за првиот исламски калифат во Европа
Челникот на Исламската држава (IS – поранешната Исламска држава во Ирак и на Левантот ISIL) Абу Бакр ал-Багдади ги објави своите планови за создавање на првиот исламски калифат во Европа.
Обраќајќи им се на своите следбеници во Европа, ал-Багдади во неделата истакнал дека „по целосната победа на неговите следбеници во Ирак, ќе се свртат кон Европа, каде што ќе воспостават иста власт на територијата на Андалузија, Шпанија“, пренесува иранската новинска агенција Mehr.Ал-Багдади им се обратил на исламските екстремисти кои учествуваат во воените операции во Ирак. Според него, животите и сопственостите на Европејците по востановувањето на калифатот во Европа ќе бидат на располагање на борците кои ќе му се заколнат нему лично, од кои секој „е обврзан да донесе во редот на следбениците на ал-Багдади најмалку десет луѓе“. Потоа „во секоја европска земја ќе создадеме исламски калифат“, изјавил челникот на Исламската држава кој на 28-ми јуни прогласи Исламски калифат на територии од Алепо во северна Сирија до провинцијата Дијала во источен Ирак, кој го води под името Абдула Ибрахим ал-Самараи.Како што истакнува Mehr, ал-Багдади се прогласи себеси за „директен наследник на пророкот Мухамед“. Тој посетувал исламски студии на Багдадскиот универзитет, се борел во редовите на повеќе бунтовнички ирачки групи и бил уапсен од Американците во 2005 година. Сепак, под нејасни околности по четири години бил ослободен. На чело на Исламската држава во Ирак и на Левантот застанува во 2010 година, а минатата година ги прекинува контактите со глобалната терористичка група Ал Каеда, која го смета за премногу радикален. За неговите следбеници, ал-Багдади, пак, е вистинскиот наследник на Осама бин Ладен.На почетокот од јули Исламската држава во Ирак и на (Шам) Левантот (ISIL), откако го прогласи воспоставувањето на Калифат – или исламска држава – на пространите делови од Блискиот исток кои паднаа во нивни раце, ја зацрта визијата за експанзија во Европа, која ја вклучува секако и Македонија.Ова соопштение на организацијата е оценето како најзначајниот настан во меѓународниот џихадизам од 11-ти септември 2001 наваму.Во мапата која беше разменувана преку социјалните мрежи меѓу поддржувачите на ISIL, исламистичката група го оцртува петгодишниот план за тоа како тие сакаат да ги прошират границите на својата контрола надвор од претежно муслиманските држави. Покрај плановите да се прошири Калифатот на Блискиот исток, во Северна Африка и големи делови од западна Азија, мапата, исто така, ги оцртува и плановите за експанзија во Европа.ISIL планира да ја преземе контролата врз сите балкански држави, вклучувајќи ги и Грција, Македонија и Романија, и да се рашири кон Источна Европа сé до Австрија. Се чини дека мапата го следи границите на некогашната Австроугнгарска империја.Натаму, IS предвидува контрола и врз цела Шпанија, која била под муслиманска власт (во поголемиот дел) цели 700 години, до 1492 година. Исламската држава планира да ја завладее Шпанија до 2020 година.Сепак, неодамна во катарската престолнина Доха, еден од најистакнатите исламски теолози, д-р Јусуф ал-Кардави рече дека „прогласувањето на групата Исламска држава на калифат на териториите кои ги контролира во Ирак и во Сирија не е во согласност со прописите на шеријатот“, односно исламскиот законик./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.