Контакт

Европа

Листеријата усмрти 12 лица во Данска

Објавено пред

Појавата на листеријата поврзана со заразено данско месо однесе од септември минатата година 12 човечки животи, од кои повеќето во последните три месеца, објавија во вторникот данските власти.

dobivaj vesti na viber

Министерството за храна, земјоделие и рибарство на Данска објави дека во понеделникот по единаесет месеци конечно е утврдено делка причината на заразата е популарниот засолен месен нарезок „Rullepolse“ што на дански би значело „ролован колбас“, а која го произведува еден производител во близина на главниот град Копенхаген.Како што е познато, листеријата, од која во Македонија изминатите неколку месеци починаа четири лица, може да предизвика фатални инфекции, особено кај мали деца и повозрасни лица со ослабен имунитет. Особено може да биде опасна за бремените. Опасната бактерија може да разболи човек најрано за 15 дена, но дури и по 70 дена кога преку храна ќе биде внесена во организмот. Не се пренесува од човек на човек, но смртноста е многу висока.Од септември 2013 година во Данска се регистрирани 20 заболени од ова болест, од кои 15 случаи се регистрирани од јуни годинава. Починале вкупно 12 луѓе, првиот на 13-ти септември лани, а последниот на 9-ти август годинава, пренесува Reuters.Данските санитарни власти ја покренаа истрагата дури на 26-ти јуни годинава и биле потребни повеќе од триесет дена да се утврди изворот на заразата, а тоа е компанијата „Jorn A. Rullepolser A/S“ од Хадехусен, 30 километри западно од Копенхаген./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Европа

(Видео) Првиот голем шумски пожар во Шпанија годинава уништи површина од околу 600 хектари за само 24 часа

Објавено пред

Првиот голем шумски пожар во Шпанија оваа година уништи површина од околу 600 хектари за само 24 часа на истокот од земјата, соопштија властите. Околу 180 луѓе се евакуирани во погодената планинска област околу Тарбена во провинцијата Аликанте, на околу 90 километри јужно од Валенсија, јави денеска телевизијата РТВЕ, повикувајќи се на властите.

dobivaj vesti na viber

Пожарот, кој избувна вчера на помалку од 15 километри од Средоземното Море, брзо се шири, се вели во соопштението. Пилар Бернабе, претставник на централната влада на Мадрид во автономната заедница Валенсија, изјави за новинарите дека се сомнева дека причината за пожарот е практиката „сечи и запали“. Од попладнево површината на уништената површина е поголема од 800 фудбалски игралишта.

Петнаесет противпожарни единици и 10 единици за заштита на шумите беа распоредени во понеделникот за гаснење на пламените јазици, со помош на осум хеликоптери и противпожарни авиони, соопштија службите за итни случаи во Валенсија. Силните ветрови и температурите над 25 степени целзиусови – невообичаено топло време за средината на април – ги отежнаа напорите за гаснење на пожарите, изјави портпаролот на регионалната влада на Валенсија.

Сепак, портпаролот рече дека се оптимисти дека пожарот што беснее околу Тарбена, како и неколку помали на Коста Бланка, наскоро би можеле да бидат изгаснати. Источна Шпанија доживеа неколкудневни температури кои достигнуваат и до 30 степени, поради што плажите се полни. Од среда ширум Шпанија се очекува постудено време.

Прикажи повеќе...

Европа

Русите го нападнаа Харков

Објавено пред

Руските сили убија две лица, а ранија уште четворица кога нападнаа образовна институција во Харков, изјави гувернерот на регионот. Руската војска истрела воздушна бомба во селото Лукијанци во близина на руската граница, изјави регионалниот гувернер Олех Синјехубов на апликацијата за пораки Телеграм.

dobivaj vesti na viber

Синјехубов додаде дека четири лица се здобиле со повреди од експлозии и рани од шрапнели во нападот и дека се пренесени во болница.

Како што Русија ги интензивираше своите напади во пролетта, регионот Харков е се повеќе на удар.

Недостатоците во воздушната одбрана на Украина и близината на источниот регион до руската граница го направија особено ранлив на удари врз неговата енергетска инфраструктура, што предизвика големи прекини на електричната енергија.

Прикажи повеќе...

Европа

13-годишен ученик со ножици избол другар во училишниот двор во Виена

Објавено пред

Во средно училиште во Виена се случил инцидент, во кој 13-годишен ученик, по наставата, со ножици избол 12-годишен другар.

dobivaj vesti na viber

Двајцата го напуштале училиштето по часовите кога 13-годишникот го нападнал училишниот другар.

Според австриските медиуми, инцидентот се случил во петокот околу 13 часот во образовна институција во Пеларнштрасе и при нападот 13-годишникот користел тапи ножици.

На крвавиот настан му претходела жестока расправија меѓу другарите, која ескалирала кога тие излегувале од зградата.

Сè уште не е познат мотивот за нападот.

На повреденото момче веднаш му била укажана соодветна лекарска помош и било пренесено во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија50 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија1 час

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија24 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...