Европа
Локализирани двајца осомничени за нападот на Charlie Hebdo, седум приведени
Двајца осомничени за терористичкиот напад врз редакцијата на францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo од средата се забележани во четвртокот претпладне во северна Франција во сив автомобил „рено клио“, со вооружување, пренесува AFP повикувајќи се на извори блиски на истрагата.
Шеф на бензинска црпка во близина на општината Вилер-Котере „официјално препознал двајца мажи осомничени за учество во нападот врз редакцијата на Charlie Hebdo“, појаснил за агенцијата неименуван извор близок на истрагата.
„Двајцата носат маски и изгледа дека имаат ’калашникови’ и рачни ракетни фрлачи“, додал.
Инаку претходно во четвртокот францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казанев, рече „седум лица“ одговарајќи на прашањето на радиото Europe 1 за бројот на лицата коишто во моментов се приведени. Судски извор потврдил дека уште во средата навечер се приведени седум лица, меѓу кои се маж и жена кои се во непосредна врска со двајцата браќа кои се идентификувани како извршители, сé уште се во бегство и се лоцирани во северна Франција. Местото на нивното приведување не е откриено.
Францускиот премиер Мануел Валс изјави за радиото RTL, дека „во ноќта дојде о неколку апсења, и има приведени“ одбегнувајќи да даде детали. Валс по извесно време потоа дополнително за RTL изјави дека извршителите на нападот „несомнено се под надзор“ на полициските и правосудните служби, но и дека „опасноста не е сосема отстранета“ Укажа на „тешкотиите“ коишто на полицијата и’ ги предизвикуваат „многуте поедицни коишто претставуваат опасност“.
Француската полиција ги објави фотографиите на двајцата браќа осомничени дека се извршители на масакрот по кои се трага, а станува збор за 32-годишниот Шериф и 34-годишниот Саид Куаши, и упати апел до сведоците на настанот. Тие лица „веројатно се вооружени и опасни“, предупреди полицијата на Париз.
Нивниот наводен соучесник 18-годишниот Амид Мурад и’ се предал на полициајта во Шарвил-Мезјер, во североисточна Франција, „кога виде дека неговото име се појавува на социјалните мрежи“, изјави за AFP извор близок на истрагата.
Браќата Куаши се осомничени дека усмртија 12 лица а ранија уште 11 во нападот со автоматски пушки во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo, пред да побегнат. Нападот предизвика бран згрозување во Франција и поттикна повеќе од 100 илјади лица на спонтан протест во целата земја во знак на осуда на тероризмот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.