Европа
Луганските бунтовници тврдат дека ликвидирале 130 украински војници
Околу 130 припадници на украинските специјални сили загинале во борбите крај Луганск во последното деноноќие и претрпеле значителни материјални загуби, соопшти во саботата прес-службата на самопрогласената Народна република Луганск на проруските бунтовници во источна Украина кои речиси три месеца под своја контрола го држат овој еден од поголемите градови во областа Донбас.
Покрај големите жртви, украинските сили, коишто претходно во саботата успеаја да влезат во Славјанск каде што беа концентрирани најмногу откако овој град со 130 илјади жители го напуштија силите на проруските бунтовници и голем дел од цивилите, крај Луганск загубиле авион „Ил-76“, седум оклопни возила БТР, две хаубици, две минофрлачки единици, противвоздушен систем и пет возила„Украинската армија се обиде да го нападне градот од три насоки: Краснији Јар, Металист, и Александровка. Сите напади беа успешно одбиени од армијата на Луганската народна република. Непријателот загуби две хаубици, минофрлачка единица а околу 30 луѓе загинаа“, се вели во соопштението на проруските милиции.„Од своја страна луганските сили спроведоа успешна операција во областа на аеродромот кај Луганс, кој се наоѓа во рацете на десантните единици на противникот. Непријателот беше гаѓан од тешки минифрлачи, при што се уништени авион Ил-75, седум БТР возила, минофрлачка единици, едена противвоздушен систем ЗУ 23-2, пет возила и околу 100 борци“, се довава во соопштението коешто го цитира агенцијата Итар-Тасс. Украинската армија во саботата не ги коментираше ваквите информации кои не можат да се проверат од независни извори, задржувајќи се на влегувањето на нејзините единици во градот Славјанск кој три месеца го држеа во опсада, од каде се повлекле проруските бунтовнички сили. Претходно во петокот Киев соопшти дека во борбите во источните региони биле убиени најмалку 150 бунтовници.Според податоците на украинското министерство за одбрана, загубите на армијата којашто од април започна да ја спроведува ткн „антитерористичка операција“ изнесува 200 војници, додека на страната на бунтовниците и локалното население има 450 загинати./крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.