Европа
Макро што ги бележеше девојките со бар код 44 години во затвор
Шпанскиот врховен суд обелодени детали од ужасното однесување на еден макро, кој за своите злосторства доби казна затвор во траење од 44 години.
Шпанскиот врховен суд обелодени детали од ужасното однесување на еден макро, кој за своите злосторства доби казна затвор во траење од 44 години.
Водачот на романска криминална банда е осуден за трговија со луѓе и за присилување на жени да работат како проститутки во Шпанија.Во случајот што Врховниот суд го оцени како делумно суров, осудениот бележел шест жени сексуални робинки, со бар код на внатрешната страна од зглобот на раката.Уште тринаесет други лица се осудени во овој случај, меѓу кои и сопругата и ќерката на макрото и други членови на неговото семејство.Според шпанската полиција, бандата ги пренела жените од Романија во Шпанија, каде во главниот град ги присилувале на проституција. Некои од девојките се малолетни, доаѓаат од сиромашни семејства и се неписмени.Жените биле злоставувани и тортурирани, а им било тетовиран и прекарот на макрото, дури на некои биле тетовирани и бројки кои го прикажувале долгот што го имаат кон бандата.Кога една жена избегала, била најдена од платен убиец кој ја заробил на неколку дена, ја изгладнувал и ја злоставувал.Некои од овие тортури биле снимени од лидерот на бандата, сведочела една од младите девојки која работела за макрото. Врховниот суд ги отфрлил сите агументи на одбраната, иако лидерот на бандата признал некои од злоделата.Врховниот суд смета дека тој уживал во страдањето што го предизвикувал на жртвите кои биле тепани од најмени насилници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.