Европа
Марин Лепен повторно на чело на Народниот фронт
Марин Лепен со 100 отсто од гласовите во неделата беше повторно избрана за претседателка на француската партија од крајната десница Национален фронт (FN), на последниот ден од конгресот на нејзината партија кој се одржав во Лион и веднаш ја започна кампањата за претседателските избори коишто ќе се одржат во 2017 година.
Марин Лепен со 100 отсто од гласовите во неделата беше повторно избрана за претседателка на француската партија од крајната десница Национален фронт (FN), на последниот ден од конгресот на нејзината партија кој се одржав во Лион и веднаш ја започна кампањата за претседателските избори коишто ќе се одржат во 2017 година.
Всушност 46-годишната харизматична Марин Лепен немаше противкандидат, па така го започнува својот втор мандат на чело на партијата Национален фронт (FN), којашто во 1972 година ја основаше нејзиниот сега 86-годишен татко Жан-Мари Лепен.
Основачот Жан-Мари Лепен и натаму останува на позицијата почесен претседател на партијата, а конгресот во орбитата ја исфрли и третата генерација од семејството избирајќи ја шармантната 24-годишна Марион Марешал Лепен, внука на Жан-Мари и на Марин во централниот одбор на Народниот фронт. Најмладата од членка на партијата од семејството Лепен е една од само двајцата пратеници на FN во францускиот Национално собрание.
Марин Лепен во 2011 година ја покрена обновата на Националниот фронт за да ја исчисти партијата од неприфатливите обележја, но ги задржа основните партиски принципи, како што се евроскептицизмот, одбраната на францускиот национален и културен идентитет, борбата против имиграцијата.
Француската крајна десница во неделата ја започна кампањата за претседателските избори во 2017-та, ден откако поранешниот француски претседател Никола Саркози се врати на чело на конзервативната партија Унија за народно движење (UMP), со што го остави десниот центар поделен во поглед на планот за повторно освојување на власта.
Според истражувањата на јавното мнение, Марин би освоила 30 отсто од гласовите на претседателките избори во 2017 година. Анкетите предвидуваат и дека таа би избила во водство во првиот изборен круг.
Марин Лепен не ја признава предноста ниту на конзервативецот Никола Саркози, ниту на социјалистот и актуелен претседател на Петтата Република, Франсоа Оланд, порачувајќи им дека во нивните мандати „се’ промашиле“.
Челничката на Народниот фронт гарантира дека единствено нејзината парија е приврзана на „принципот на владеење преку луѓето за луѓето, наспроти лудиот план на Европската унија и идеологијата на глобализацијата“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.