Европа
Маркел ја повика Европа да ги заштити надворешните граници во мигрантската криза
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа мора да ги заштити своите надворешни граници поради тоа што е соочена со најголемиот прилив бегалци од Втората светска војна, криза којашто ја нарече „испит за европскиот карактер“.
Стотици илјади бегалци и имигранти во текот на 2015 година пристигнаа во Европа од Блискиот исток, од Африка и од Азија, многумина од нив бегајќи пред војните или сиромаштијата.
Во своето редовно неделно видео обраќање објавено во саботата, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа мора да го даде својот придинес во решавањето на споменатиот глобален предизвик со масовната миграција.
„А за Европа тоа значи дека ние, секако, мораме во прв ред да ги заштитиме нашите надворешни граници ширум Европа, да ги заштитиме заедно, за да има ред при доселувањето во Европа“, рече Меркел.
„Но тоа значи и дека мораме да преземеме поголема одговорност за земјите во коишто лежат причините кои ги натерала луѓето на бегство, или во коишто има многу бегалци, како што се Либан, Јордан или Турција“, додаде германската канцеларка.
Меркел тврди и дека Германија мора јасно да каже дека заштита ќе добијат оние на коишто им е неопходна, но дека оние коишто доаѓаат од економски причини, ќе мораат повторно да си заминат.
„Мораме да бидеме уште порешителни во врска со тоа и да осигуриме тоа на сите да им биде јасно“, порача германската канцеларка./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.