Европа
Марш на достоинството во градовите низ Шпанија
Десетици илјади демонстранти во главниот град Мадрид и во метрополата Барселона, како и во другите градови низ Шпанија, учествуваа во саботата на Маршот на достоинството против мерките за штедење и сиромаштијата, осудувајќи ја „корумпираната политичка класа“ и барајќи оставка од премиерот на конзервативната влада, Мариано Рахој.
Со мотото „Леб работа, покрив над главата и достоинство“, демонстрантите во близина на мадридската станица Атоха движејќи се кон плоштадот Пуерта дел Сол во центарот на градот скандираа „Да, тоа е можно“, користејќи го слоганот „Yes we can“ со кој американскиот претседател Барак Обама го доби својот прв мандат на изборите во 2008 година.
Речиси 24 отсто од Шпанците се невработени, иако би требало до крајот на 2014 година да биде постигнат раст од 1,4 отсто, што е „најголемиот раст во еврозоната“, истакнува владата предводена од партијата од десницата Народна партија, на премиерот Мариано Рахој.
Третина од вработените Шпанци заработуваат максимални 645 евра месечно, пишува агенцијата AFP. Додава дека од 46,5 милиони население повеќе од 5 милиони примаат помош од Црвениот крст од каде истакнуваат дека сиромаштијата им се заканува на 13 милиони луѓе.
„Тврдењата на владата се пропаганда“, бидејќи кризата продолжува, тврдат интервјуираните за AFP демонстранти коишто во саботата изразија големо незадоволство на улиците на повеќе од 40 шпански градови.
Посебно место на саботните протести имаше Платформата на лицата погодени од хипотеките (PAH). Претставникот на оваа организација тврди дека „иако медиумите за тоа молчат, во Мадрид секој ден се спроведуваат четири до пет иселувања се исфрлаат на улица стари луѓе и цели семејства, а во многу случаи полицијата постапува насилно“, пишува дневниот весник El Mundo.
Шпанските медиуми пренесуваат дека меѓу демонстрантите имало и многу синдикални водачи и претставници на левицата, а демонстрантите бараа оставки на владата и на сите политичари кои соработуваат со „тројката кредитори“, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската комисија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.