Европа
Медиуми: Меркeл размислува за контакти со AfD
Германската канцеларка Ангела Меркел разгледува промена на курсот кон десничарската евроскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), со отворање комуникација со оваа партија и со нејзините гласачи, пишува во вторникот магазинот Bild.
Во текот на состанокот на раководството на конзервативната Христијанско-демократската унија (CDU), на германската канцеларка Ангела Меркел, таа рекла дека демонизирањето на партијата Алтернатива за Германија (AfD), која има пратеници во најмалку половината покраински парламенти, и на нејзините приврзаници, само ќе предизвика натамошно отуѓување на гласачите од големите партии.
Политичките коментатори велат дека центристичкиот курс на Меркел во текот на изминатата деценија ги отуѓил конзервативните приврзаници на CDU кои се свртеле кон AfD, која на првиот партиски конгрес во саботата во Штутгарт ја потврди својата антидоселеничка политика и особено неприфаќањето на исламот.
Околу две илјади партиски делегати на конгресот на AfD френетично ги поздравуваа говорите на партиските челници кои повикуваа да се прекине проимигрантската политика на канцеларката Меркел, како и земјата да им се врати на христијанските вредности.
„Отсекогаш се прашувавме кога кончено ќе се појави храброто дете за да изрази што мисли молчеливото мнозинство и да објави дека ’канцеларката без алтернатива’ е гола. Мислам дека ние сме тоа храбро дете, изјави партиската копретседателка, 40-годишната Фрауке Петри во својот говор отворајќи го конгресот на AfD.
Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) чијашто програма во најголема мера во последниот период покрај на напуштањето на еврото повеќе се заснова на противење на мигрантските политики на Меркел, основана во 2013 година, оствари добри резултати на трите регионални избори одржани во март црпејќи го поттикот и од сé пораширеното стравување во Германија кога земјата се справува со мигрантскиот енормен прилив, особено од муслиманските земји.
За само три години паријата и покрај тоа што нема пратеници во сојузниот парламент во Берлин, освои претставници во половината парламенти на 16-те германски сојузни покраини.
Според истражувањата на јавното мнение AfD има поддршка од 14 отсто станувајќи сериозен предизвик на конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и другите етаблирани партии пред сојузните избори идната 2017 година. Сите тие исклучуваат каква и да е коалиција со AfD, која ја обвинуваат за клаустрофобија./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.