Европа
Меркел и Ципрас согласни за неопходноста од спроведување на структурните реформи
Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот изразија желба за заздравување на грчката економија и се согласија околу неопходноста од спроведување на структурните реформи.
„Сакаме Грција економски да зајакне, сакаме Грција да оствари економски раст, а над сé сакаме да ја надвладее невработеноста. За да го постигнеме, потребни ви се структурни реформи, цврст буџет и ефикасна администрација“, изјави германската канцеларка Меркел на заедничката прес-конференција за новинарите со грчкиот премиер Алексис Ципрас кој првпат престојува во Берлин како шеф на влада.
Иако разликите и натаму остануваат, Меркел додаде дека на разговорите меѓу двете страни биле „изразен апетит за соработка“.
Ципрас од своја страна вети спроведување „сеопфатни структурни реформи“, но исто така ја истакна и неопходноста од ублажувањето на еконосмките и социјалните проблеми настанати како резултат на пакетот (меѓународна финансиска) помош“ во замена за строгите мерки за штедење.
Програмата за итна помош на Грција, рече Цирпас, не е некаква „успешна приказна“, укажувајќи на високата стапка на невработеност и драматичното уривање на економијата, наведувајќи го податокот за падот на бруто домашниот производ (БДП) за 25 отсто, каки и сé поголемиот социјален јаз во земјата.
Меркел притоа рече дека новите реформски предлози на владата на радикалната левица во Атина мора да ги проценат министрите за финансии на земјите членки на европската унија, а не само Берлин. Порача, исто така, дека Германија сите свои партнери во Европа ги смета еднакви на себеси, иако нејзината земја е најголемата економијата во Европската унија, и оти сака добри односи со сите, вклучително и со Грција.
„Иако во Германија живеат 80 милиони луѓе и сме најголемата економија во Европската унија, оваа Европа е подигната на принципот дека секоја земја е еднакво важна, без оглед на бројноста на нејзиното население“, рече Меркел.
Ципрас изрази желба да бидат изградени нови односи со Германија и повика на прекинување на употребата на стереотипите за мрзливите Грци, и жртвите на „нацистичките“ Германци. Рече, покрај тоа, дека фотомонтажата на канцеларката Меркел на атински Акропол, опкружена со нацистички офицери, која се појави на насловната страница на германски Der Spiegel, „е изразено нечесна кон самата канцеларка и кон Германија“. Таа насловна страница ја осуди како „неправедна провокација“ и, прекорувајќи го својот министер за правосудство, додаде дека никој во Грција не размислува за заплена или продажба на германските имоти како надомест за воена отштета од Втората светска војна, какви што закани беа изречени минатата седмица.
„Ве молам, да ги оставиме тие сенки на минатото зад нас. Денешната демократска Германија нема ништо заедничко со Третиот рајх кој зема толку данок во крв“, рече Цирпас.
Кога станува збор за грчкиот долг, Ципрас минатата седмица ѝ пиша на Меркел дека за Атина во следните неколку седмици ќе биде невозможно да ги отплаќа ратите од долгот без дополнителна финансиска помош, обвинувајќи ја Европската централна банка (ЕСВ) за наметнување на ограничувањето за издавање на краткорочните обврзници за да ги реши своите проблеми во кусорочното финансирање. Челникот на ЕСВ, Марио Драги, рече дека е подготвен да ги прифати грчките државни обврзници како колатерал за позајмувањата на грчките банки веднаш штом ќе се создадат услови за успешно заклучување на ревизијата на „белут“ програмата“. /крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.