Европа
Меркел и Оланд не се против средба со Путин за Украина
Берлин и Париз не ја отфрлија во средата можноста за скорешна средба со рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата во Украина, откако тој не беше повикан на трилатералната средба во Берлин на којашто следниот понеделник ќе учествуваат челниците на Германија, Франција и Украина.
„Не може да се исклучи можноста од таквата средба, но ниту да се потврди дека таа ќе се случи“, изјави на прес-конференција во Берлин, Кристијане Вритц, портпаролка на германската канцеларка Ангела Меркел. Меѓутоа, истакна Вритц, јакнењето на тензиите на теренот, со зачестените судири на истокот, барат прво „трилатерален формат“ без Русија.
Во Париз, исто така, портпаролот на владата Стефан Л’Фол за новинарите изјави дека „состанок (со рускиот претседател Владимир Путин) можеби ќе следува“ по оној во понеделник, но според „нормандискиот формат“, односно со учество на сите четворица челници, кои кон средината на февруари во белоруската престолнина Минск ги договорија условите за постигнување примирје и решавање на конфликтот во источна Украина.
Л’Фол истакна дека средбата во Берлин на францускиот претседател и германската канцеларка треба да им овозможи во присуство на Порошенко да постигнат „целосна согласност“ за украинското прашање и „да пронајдат политичко решение за влошувањето на состојбата на теренот“. На дневниот ред на таа средба ќе биде и доселувањето во Европа, додаде.
Во преговорите за Украина, досега редовно учествуваше и руската страна на четиристраните преговори кои се наречени „нормандиски формат“, според првата средба на четворицата челници на церемонијата по повод одбележувањето на сојузничката инвазија во француска Нормандија, на 6-ти јуни 19944 година. Москва, како и челниците на проруските бунтовници во Луганск и Донецк, минатата седмица побараа од Меркел и Оланд да извршат притисок врз украинскиот претседател Петро Порошенко поради придржување и спроведување на договорот од Минск, и притоа го обвинија Киев дека повторно трупа сили на линијата на фронтот и оти се подготвува за нова офанзива./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.