Европа
Меркел, Оланд и Ренци ќе разговараат за иднината на ЕУ по Brexit

Италијанскиот премиер Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во понеделник на островот Вентотене во близина на Неапол ќе разговараат околу тоа како да се одржи единствениот европски проект по гласањето на Британците за излез од Европската унија (ЕУ), пренесуваат светските агенции.
Како што пренесува Reuters, тие ќе се состанат во пресрет на самитот на ЕУ закажан за септември, по повод разговорите за последиците од Brexit. Британската новинска агенција додава дека официјалните лица во Брисел и Берлин стравуваат дека одлуката на Британците би можела да доведе и до референдум во Холандија за натамошното членство во Унијата.
„Во понеделник целта ќе биде да се покаже единството на трите големи европски земји, но ни е да се основа посебен клуб“, рекол неименуван француски дипломат, напоменувајќи дека целта на состанокот е да се направат подготовки за претстојниот самит на ЕУ во Братислава.
Ренци како локација за состанокот го избра островот Вентотене поради неговото симболично значење како места на кое двајца италијански интелектуалци за време на Втората светска војна го напишаа значајниот манифест со кој повикаа на европско политичко обединување, додава Reuters.
Како уште еден симболичен гест, тројцата лидери завршната прес конференција ќе ја одржат на италијанскиот носач на авиони „Гарибалди“, кој е дел од мисијата на ЕУ на Средоземното море. Лидерите на Италија, Германија и Франција во понеделник ќе го имаат вториот трилатерален состанок откако Британија кон крајот на јуни гласаше за напуштање на ЕУ.
Соочена со егзистенцијални ризици, Меркел сака да зацврсти „подобра Европа“, Ренци сака Италија да има силен глас во обликувањето на иднината на ЕУ после Brexit, додека, пак, Оланд сака инвестицискиот план на ЕУ да биде двоструко зголемен, вели францускиот извор.
Тројцата лидери исто така се разидуваат во ставовите околу тоа како да се намали невработеноста и да се зголеми економскиот раст, кој во вториот квартал од годината е намален во 28-члениот блок, а стагнираше и во Франција и во Италија, заклучува Reuters./крај/мф/бс
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Словачкиот министер ја одобри употребата на руската вакцина

Словачкиот министер за здравство, Марек Крајчи, ја одобри употребата на руската вакцина „спутник В“ за борба против коронавирусот, објави ресорното Министерство на својата веб-страница и потенцира дека употребата на вакцината е дозволена до крајот на август.
Вакцината ќе се користи во Словачка во согласност со статусот на исклучок што ѝ го додели Министерството за здравство како нерегистриран лек.
Луѓето што се заинтересирани да се вакцинираат со „спутник В“ ќе мора да дадат писмена согласност за да потврдат дека се свесни за фактот дека Европската агенција за лекови засега не ја одобрила оваа вакцина, пренесува ТАСР.
Вакцинацијата ќе се одвива на доброволна основа и нема да биде ограничена од возраста на примателот. Крајчи истакна дека „спутник В“ е веќе регистрирана во одреден број земји.
Словачкиот премиер Игор Матович во понеделникот објави дека Словачка ќе нарача два милиона дози од руската вакцина „спутник В“.
Европа
Германија планира да го продолжи карантинот до крајот на март

Германија планира да го продолжи карантинот до 28 март, но некои мерки ќе бидат олеснети од 8 март.
Според нацрт-законот до кој дојде интернет-порталот „Фокус онлајн“, постигнат е договор меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски провинции, објави „Ројтерс“.
Меркел ќе разговара со премиерите на германските покраини утре бидејќи бројот на заболени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 2,4 милиона.
Европа
Шефот на СПД ги обвини Меркел и министрите од ЦДУ за многуте пропусти во справувањето со Ковид-19

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер-Борјанс, ги обвини германската канцеларка Ангела Меркел и министрите од ЦДУ за лошо управување со кризата предизвикана од коронавирусот.
Валтер-Борјанс изјави дека Германија има шеф на владата кој има направено многубројни пропусти во координирањето со кризата.
Тој рече дека министрите од коалицискиот партнер на СПД не ги исполнуваат своите обврски.
Во исто време ги пофали социјалдемократските членови на владата, како што е вицеканцеларот Олаф Шолц, за кого Валтер-Борјанс тврди дека ги поправа сите проблеми.
Тој вели дека придонесот на членовите на владата од редовите на ЦДУ и ЦСУ е далеку зад оние од редовите на СПД.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер