Европа
Меркел пристигна во Киев, откако со Обама оцени дека Русија се впушта во опасна ескалација
Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во саботата претпладне во украинската престолнина Киев на разговори со тамошното раководство за ублажување на воената операција во источна Украина, откако претходно во телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама оцени дека Русија „се впуштила во опасна ескалација“ во Украина, трупајќи војници на границата и испраќајќи го хуманитарниот конвој на кој се противи Западот.
Германската канцеларка Ангела Меркел во текот на посетата на Киев треба да се сретне со претседателот Петро Порошенко, со премиерот Арсениј Јаценјук и со неколку градоначалници, како што е најавено вклучително и со гувернерот на Донецк кој е центарот на прорускиот бунт. Меѓутоа, не е прецизирано дали Меркел ќе се сретне со гувернерот кој го поставија новите прозападни власти во Киев веднаш откако го соборија претседателот Виктор Јанукович, или со неговиот претходник
Меркел во петокот предупреди дека Русија ризикува ескалација на и онака тензичните состојби. За кризата таа телефонски разговараше до челниците на Украина, Русија и на САД. И покрај рускиот потег, германската канцеларка оцени дека на рускиот хуманитарен конвој би требало да му се овозможи да дојде до оние на коишто им е потребен, како и дека тоа би требало да биде овозможено и за хуманитарната помош којашто ја најави Киев.
„Посетата на Киев е голем и израз на поддршка. Нашата цел е двете страни да се согласат на прекин на огнот“,
Претходно во телефонскиот разговор ноќта кон саботата, американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Меркел, како што соопшти Белата куќа, изразиле загриженост поради „големиот број руски војници стационирани во близина на границата со Украина, присуството на руски воен персонал во Украина и рускиот артилериски оган врз украинска територија“.
„Тоа се многу елементи кои претставуваат опасна ескалација“ се согласиле Меркел и Обама инсистирајќи на „важноста од билатерален прекин на огнот проследено со затворање на границата и извршениот надзор на руско-украинската граница“, се додава во соопштението на Белата куќа.
Според челниците на САД и на Германија „од императивна важност е (рускиот хуманитарен) конвој да ја напушти украинската територија, оценувајќи дека колоната од 300 камиони без зелено светло од Киев претставува дополнителна провокација и кршење на суверенитетот на Украина и на интегритетот на нејзината територија“. Според нив Русија „мора да ги прифати условите кои се одредени од Украина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“ во областа на хуманитарната помош за Украина.
Москва мора, според Обама и Меркел, да ги намали притисокот оддалечувајќи ги своите единици од границата и повлекувајќи го своето вооружување, возилата и персоналот од украинска територија. Според нив ситуацијата „продолжила да се влошува“ откако во источна Украина на 17-ти јули се урна малезискиот патнички авион при што загинаа 298 луѓе. И покрај тоа што истрагата не е завршена, а некои западни експерти наведоа дека цивилниот авион е можно да е соборен од воен авион, што алудира на извештајот на руското министерство за одбрана дека украински борбен авион непосредно пред падот летал во близна на авионот на „Malaysian Airlines“, Западот за трагедијата ги обвинува проруските бунтовници и непосредно Русија.
Во разговорот со Меркел, рускиот претседател Владимир Путин, пак, ги отфрлил нејзините критики изнесени како и во разговорот со Обама, потсетувајќи ја на извештаите на повеќе меѓународни инспекции на границата со Украина кои не констатирале нарушување на граничната линија и активности на руските сили, туку дека има гранатирања на руските гранични премини од украинска територија.
Германската канцеларка во разговорот со Путин истакнала дека „и покрај руските дејствија, сепак мора да се обезбеди конвојот непречено да дојде до луѓето коишто се наоѓаат во тешка ситуација. Тоа треба да му се овозможи и на украинскиот конвој кој е блокиран од сепаратистите“, изјави во врска со телефонскиот разговор на двајцата челници, портпаролот на германската влада Штефан Зајберт. Меркел, исто така, истакнала дека „Сега важна улога може да одигра контактната група составена од претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Украина и Русија. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.