Европа
Меркел: Санкции против Русија беа потребни
Санкциите коишто Запад го воведе против Русија поради нејзината улога во украинската криза беа „потребни за да се покаже сериозноста на нашите убедувања“, изјави во понеделникот германската канцеларка Ангела Меркел, која престојуваше во посета на Литванија каде што вети брзо зголемено присуство на НАТО.
„Се разбира мораме да се обидеме да пронајдеме политичко решение. Мислам дека беше потребно да се воведат санкции против Русија за да ја покажеме сериозноста на нашите уверувања“, изјави на прес-конференцијата во Рига германската канцеларка Ангела Меркел која ја одржа заедно со литванската премиерка Лаимдота Страујима.„Тажно е што безбедносната ситуација е влошена поради украинската криза. Ја разбирам загриженоста на граѓаните на Литванија, на другите балтички земји и на Полска“, изјави Меркел гарантирајќи дека на следниот самит на НАТО на почетокот од септември ќе биде донесена одлука за засилено присуство на единици на Алијансата, особено во Литванија.„Мораме да ги примириме сите партнери во НАТО кои се во опасност. Мораме да покажеме дека сме едногласни“, истакна Мекел. Во однос на рускиот одговор на европските и американските санкции со ембаргото на увоз на прехранбени и земјоделски производи од Западот, Меркел смета дека руското ембарго ќе има слабо влијание врз европскиот пазар, што претходно го соопшти германското министерство за земјоделие.„Коа станува збор за германските компании, руските санкции ќе имаат спротивен ефект. Мораме да одговориме на санкциите со иста мерка. Компаниите мора да бараат нови пазари“, изјави Меркел во Рига. Европската комисија објави во понеделник дека со деблокирање на околу 125 милиони евра за поддршка на земјоделските пазари во ЕУ, кои се погодени на руското ембарго./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.