Европа
Меркел со германските муслимани на собир за толеранција
Германската канцеларка Ангела Меркел и членовите на нејзината влада во вторникот навечер му се придружија на собирот за верска толеранција и отвореност во Берлин во организација на муслиманските верски лидери кои изјавија дека терористите никогаш нема да победат, а германскиот претседател Јоаким Гаук порача „Сите ние сме Германија“.
Учесниците на собирот на историската Бранденбуршка капија во германската престолнина Берлин им одадоа почест на 17-те жртви од минатонеделните напади во Париз од исламистички терористи во редакцијата на сатиричниот неделник Charile Hebdo и во еврејска продавница во француската престолнина Париз.
Под мотото „Да застанеме заедно едни до други. Терор – не во моето име!“, собирот го организираа Централниот муслимански совет во Германија и Турската заедница во Берлин. На собирот се одѕваа политичари, синдикални челници, деловни луѓе и членови на христијанската и еврејската заедница.
„Сите ние сме Германија“, изјави на собирот германскиот претседател Јоаким Гаук порачувајќи со тоа дека и муслиманите се Германија парафразирајќи го мотото „Сите ние сме Шарли Ебдо“ под кој се изразува поддршката за семејствата на убиените карикатуристи на сатиричниот неделник. Германија „стана пошаренолика верски, културно и во менталитетот, благодарејќи токму на имиграцијата“, рече Гаук.
„Терористите не победија и нема да победат“, рече претседателот Централниот совет на муслиманите во Германија, Ајман Мазиек.
Собирот се одржа ден откако најмалку 100.000 луѓе учествува во антиисламскиот и антидоселенички протест што секој понеделник навечер го организира граѓанското движење Pegida, Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот, кои се противат на доселувањето на имигранти особено од Блискиот исток и ги обвинуваат властите за исламизација на германското општество.
Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот ја критизираше Pegida и предупреди против секоја „диференцијација и исклучивост“. „Луѓето кои ни доаѓаат во страв за својот живот барајќи заштитеа, имаат право кон нив чесно да се постапува“, изјави Меркел на свеченоста по повод 25-годишнината од основањето на Vereins Deutsche Gesellschaft, здружение коешто ги промовира политичките, културните и општествените односи во Европа. „Мораме да се бориме против предрасудите кон оние кои имаат странски корени и се најранливиот дел од општеството“, порача Меркел.
Источногерманскиот град Дрезден стана центарот на антиисламскотоо движење и бројот на учесниците на тие маршеви постојано расте секој понеделник откако пред три месеца се одржа првиот таков собир. Овие поворки почнаа да се одржуваат и во другите градови ширум Германија, а постојат стравувања дека ќе се прошират и во остатокот од Европа.
Во вторникот германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизиере изјави дека нападите како оние во Париз „не можат да се исклучат во Германија“. Од 81 милиони жители на Германија, само од турско потекло се околу 4 милиони, а муслимани има и од африканските и од земјите од Блискиот исток. Како и од другите западноевропски земји, и од Германија неколку стотици тамошни државјани заминале да се борат на страна на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак, според безбедносните служби./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.