Европа
Меркел воздржана во однос на барањата на Камерон за реформи во ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека сакам да му помогне на британскиот премиер Дејвид Камерон во борбата против оние мигранти од другите земји членки на Европската унија (ЕУ) кои го злоупотребуваат британскиот социјален систем, но истовремено порачала дека го поддржува слободното движење во рамките на Унијата, пишува Al Jazeera.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека сакам да му помогне на британскиот премиер Дејвид Камерон во борбата против оние мигранти од другите земји членки на Европската унија (ЕУ) кои го злоупотребуваат британскиот социјален систем, но истовремено порачала дека го поддржува слободното движење во рамките на Унијата, пишува Al Jazeera.
Камерон, чии конзервативци ја губат поддршката од британските гласачи за сметка на евроскептичната партија УКИП (британската Партија на независност), во пресрет на изборите во мај годинава, за време на посетата на Меркел во средата го повторил своето барање за реформи во ЕУ.
Меркел допатувала во Лондон за да поразговара со Камерон во врска со прашањата поврзани околу германското претсдавање со групата Г-7.
Камерон сака повторно да преговара за односите со Унијата пред референдумот за британското членство во ЕУ, кој е најавен за крајот на 2017 година, доколку неговата партија тогаш биде се уште на власт.
Прашањето на населувањето е една од главните грижи на британските гласачи, а Камерон оваа тема ја постави како централна во рамките на неговата политика. УКИП и одредени конзервативци сметаат дека работниците од сиромашните земји членки на Унијата придонесуваат за намалувањето на платите, а има и мигранти кои уживаат во поголема социјална заштита отколку во своите земји.
Меркел исто така сака да се намали злоупотребата на социјалната помош, но сепак нагласила дека не сака да го намали правото на работниците во ЕУ да можат да бараат работа во која и да е земја од 28-те членки на Унијата.
„Не се двоумиме, начелото на слободното движење на работниците не треба да биде загрозено во никој случај“, изјавила Меркел во средата.
Камерон пак засега се откажал од барањето да се постави горна граница за бројот на граѓани на ЕУ кои можат да се преселат во Велика Британија, но сака да го ограничи нивниот пристап до социјалната помош, а една од мерките за вакво нешто е и временскиот рок од четири години кои треба да поминат, пред тие да имаат право да аплицираат за овој вид на помош.
Неговите барања, кои тој во средата ги опишал како „чувствителни и практични“, доколку се остварат. би имале влијание над повеќе од 400 илјади мигранти од другите земји членки на ЕУ, а од кои многумина се ефтина работна сила.
„Силно ја поздравувам подготвеноста на канцеларката за соработка во потрагата по решенија. Сакам да се решат проблемите во односите меѓу Велика Британија и ЕУ, и уверен сум дека ова е можно“, порачал Камерон./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.