Контакт

Европа

Меркел: Затворањето на германските граници може да предизвика судири на Балканот

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази стравување дека затворањето на германските граници за бегалците би можело да предизвика нови вооружени судири на Балканот.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Доколку Германија ја затворија границата кон Австрија, на Балканот ќе дојде до поделба“, рече Ангела Меркел на партиски собир на Христијанско-демократската унија (CDU) што се одржа во понеделникот во Дармштад.

 

Меркел појасни дека од страв од нови судири на Балканот и напнатоста која ја

предизвика реката бегалци, ја иницирала неодамнешната конференција на ниво на Европската унија за таканаречената балканска рута.

 

„Тоа го сторив затоа што не сакам таму повторно да дојде до вооружени судири“, појасни канцеларката и претседателка на CDU на регионалниот конгрес на партиската база во Дармштад.

 

Меркел појасни дека унгарското затворање на границите и пренасочувањето на бегалскиот бран преку Хрватска и Словенија покажа дека „е малку потребно“ за да дојде до напнатост и судири.

 

„Не сакам да бидам песимист, о тоа оди побргу од што мислиме. Од кавга настанува судир, а од тоа може да се развие нешто што никој не го посакува“, рече Меркел, појаснувајќи ја пред сопартијците својата политика на отвореност кон бегалците и зошто би било погрешно, како што бара дел од членството, Германија да ги затвори границите.

 

Германската канцеларка објасни дека задачата на Германија како најголема членка на Европската унија е да пронајде хумано решение за бегалската криза.

„Прилично сум сигурна дека тоа го можеме“, рече Меркел. /крај/х/ап/

Европа

(Видео) Првиот голем шумски пожар во Шпанија годинава уништи површина од околу 600 хектари за само 24 часа

Објавено пред

Првиот голем шумски пожар во Шпанија оваа година уништи површина од околу 600 хектари за само 24 часа на истокот од земјата, соопштија властите. Околу 180 луѓе се евакуирани во погодената планинска област околу Тарбена во провинцијата Аликанте, на околу 90 километри јужно од Валенсија, јави денеска телевизијата РТВЕ, повикувајќи се на властите.

dobivaj vesti na viber

Пожарот, кој избувна вчера на помалку од 15 километри од Средоземното Море, брзо се шири, се вели во соопштението. Пилар Бернабе, претставник на централната влада на Мадрид во автономната заедница Валенсија, изјави за новинарите дека се сомнева дека причината за пожарот е практиката „сечи и запали“. Од попладнево површината на уништената површина е поголема од 800 фудбалски игралишта.

Петнаесет противпожарни единици и 10 единици за заштита на шумите беа распоредени во понеделникот за гаснење на пламените јазици, со помош на осум хеликоптери и противпожарни авиони, соопштија службите за итни случаи во Валенсија. Силните ветрови и температурите над 25 степени целзиусови – невообичаено топло време за средината на април – ги отежнаа напорите за гаснење на пожарите, изјави портпаролот на регионалната влада на Валенсија.

Сепак, портпаролот рече дека се оптимисти дека пожарот што беснее околу Тарбена, како и неколку помали на Коста Бланка, наскоро би можеле да бидат изгаснати. Источна Шпанија доживеа неколкудневни температури кои достигнуваат и до 30 степени, поради што плажите се полни. Од среда ширум Шпанија се очекува постудено време.

Прикажи повеќе...

Европа

Русите го нападнаа Харков

Објавено пред

Руските сили убија две лица, а ранија уште четворица кога нападнаа образовна институција во Харков, изјави гувернерот на регионот. Руската војска истрела воздушна бомба во селото Лукијанци во близина на руската граница, изјави регионалниот гувернер Олех Синјехубов на апликацијата за пораки Телеграм.

dobivaj vesti na viber

Синјехубов додаде дека четири лица се здобиле со повреди од експлозии и рани од шрапнели во нападот и дека се пренесени во болница.

Како што Русија ги интензивираше своите напади во пролетта, регионот Харков е се повеќе на удар.

Недостатоците во воздушната одбрана на Украина и близината на источниот регион до руската граница го направија особено ранлив на удари врз неговата енергетска инфраструктура, што предизвика големи прекини на електричната енергија.

Прикажи повеќе...

Европа

13-годишен ученик со ножици избол другар во училишниот двор во Виена

Објавено пред

Во средно училиште во Виена се случил инцидент, во кој 13-годишен ученик, по наставата, со ножици избол 12-годишен другар.

dobivaj vesti na viber

Двајцата го напуштале училиштето по часовите кога 13-годишникот го нападнал училишниот другар.

Според австриските медиуми, инцидентот се случил во петокот околу 13 часот во образовна институција во Пеларнштрасе и при нападот 13-годишникот користел тапи ножици.

На крвавиот настан му претходела жестока расправија меѓу другарите, која ескалирала кога тие излегувале од зградата.

Сè уште не е познат мотивот за нападот.

На повреденото момче веднаш му била укажана соодветна лекарска помош и било пренесено во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија42 минути

Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави...

Македонија52 минути

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион3 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет4 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет4 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион4 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија14 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија14 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија21 час

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија22 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија22 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија23 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија24 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized24 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ1 ден

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...