Европа
Микл-Лајтнер: Грција треба да ја штити европската граница
Основно е Грција да ја штити надворешната граница на ЕУ и мора што е можно поскоро да стори сѐ што може за да ги зајакне ресурсите за вистинска заштита на границата, смета австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтер.
„Уверена сум дека е потребно да се воспостави заедничка гранична и морска контрола. Овој предлог е на маса и денеска ќе биде тежиште на состанокот“, најави Микл-Лајнер, пред седницата на Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ во Амстердам.
Таа оцени дека е мит дека грчко-турската граница не може да се обезбеди.
„Треба да имаме на ум дека морнарицата на Грција има доволно капацитет да ја заштити границата. На една од најголемите морнарици во Европа и е потребна цивилна команда за да воспостави контрола над границата“, смета Микл-Латнер.
Според неа, ЕУ може повторно да биде делотворна дури откако ќе бидат обезбедени европски надворешни граници.
Австриската министерка предупреди дека доколку ништо не се промени во обезбедувањето на централната граница на ЕУ, шенгенската меѓа ќе се помести кон централна Европа.
Таа, пред Советот на министри им порача на колегите дека останува одлуката на Владата на Австрија за ограничување на бројот на азиланти кои ќе бидат примени. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.