Контакт

Европа

Мнозинството Французи за објавување карикатури на пророкот Мухамед

Објавено пред

Само околу 40 отсто од Французите сметаат дека траба да се избегнува објавување карикатури на пророкот Мухамед, а половината се наклонети кон ограничување на слободите на изразувањето на интернет, покажа испитувањето на јавното мнение објавено во неделата.

dobivaj vesti na viber

Во ова истражување коешто го спровело институтот IFOP а го објави неделникот Le Journal du Dimanche, на прашањето за тоа дали треба да се објавуваат карикатури имајќи предвид дека „некои муслимани се чувствуваат повредени или нападнати со објавување на карикатурите на пророкот Мухамед“, 57 отсто од испитаниците одговорија дека „не треба да се земаат предвид реакциите и треба да продолжи објавувањето на тој тип карикатури“, наспроти 42 отсто кои мислат „дека треба да се земат предвид тие реакции и да се избегнува објавување карикатури од тој тип“.

Педесет отсто од испитаниците се наклонети на „ограничување на слободата на изразувањето на интернет и на социјалните мрежи“, наспроти 49 проценти кои не се наклонети кон ваквите мерки.

Дури 81 отсто од анкетираните поддржуваат „одземање на француското државјанство на лица со двојно државјанство осудени за терористички дејствување на француска територија“, а 68 отсто сметаат дека треба да се „забрани враќањето во Франција на француските државјани кои се осомничени дека заминале да се борат во земји или области под контрола на терористичките организации“./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Првиот разузнавач на Германија: Русите се подготвени и за саботажа

Објавено пред

Кинезите се активни во Германија во собирање информации за воената технологија, изјави за Дојче веле Томас Халденванг, претседател на Сојузната канцеларија за заштита на Уставот, домашната разузнавачка служба на Германија.

dobivaj vesti na viber

Халденванг зборуваше за апсењето на тројца германски државјани поради сомнение дека на Кинезите им откриле информации за нови технологии кои можат да се користат за воени цели.

„Ова е случај од особено значење. Се занимаваме со проширување на активностите, се работи за знаење за производство на оружје“, додаде тој.

Халденванг разговараше за ДВ пред новото апсење во врска со наводното кинеско шпионирање. Во вторникот вечерта, помошник на европскиот претставник на Алтернатива за Германија (AfD) беше уапсен во Дрезден за давање информации на Кинезите.

Тоа беше само продолжение на шпионските игри во последно време. Претходно, двајца руско-германски државјани беа уапсени во Баварија под сомнение дека снимиле американски воени бази во Германија и подготвувале напад.

„Со години забележуваме дека Русија има развиено големи активности овде во Германија“, вели Халденванг. „Уште пред војната во Украина реков дека заканата е слична на онаа од времето на Студената војна“.

„Се разбира, сè беше интензивирано со рускиот напад врз Украина и мораме да разбереме дека Русија се занимава со шпионажа, сајбер шпионажа, операции за влијание, дезинформации“, продолжи првиот човек на германската разузнавачка служба.

Според него, Германија е особено нападната како „важен играч“ во воената и политичката поддршка за Украина. Украинските војници се обучуваат и во Германија.

Халденванг рече дека „во екстремен случај“, рускиот репертоар вклучува саботажа. „Може да се смета дека витален интерес на Москва е да ја спречи или попречи испораката на оружје за Украина. А земја која е подготвена да води војна со најбрутални средства сигурно нема да се оддалечи од саботажа. Така и ние во Германија мораме да бидеме подготвени за тоа сценарио“.

Како што наведе, германските служби се во состојба на готовност и веќе на почетокот на војната во Украина прогласиле „голем број руски агенти“ за непожелни, што ги „ослабнало можностите на руските служби во Германија“.

Како што додаде Томас Халденванг за ДВ, исламистички групи и поединци се на радарот на службата поради можни терористички напади. Особено што летово претстојат два големи спортски настани: Европското фудбалско првенство во Германија и Олимписките игри во Париз.

„И на тоа поле нивото на закана е високо. Во моментов, иако не се познати конкретни планови за напад, апстрактната опасност е исклучително висока“, додаде тој.

Тој изјави дека особено Исламската држава Корасан, активна во Авганистан и Пакистан, се залага за голем, спектакуларен напад.

„Можеме да замислиме различни сценарија. Едно многу опасно е, на пример, тимови на напаѓачи да доаѓаат во Германија, можеби некои веќе дошле, а потоа да извршат напад како група“, рече Халденванг.

Други сценарија вклучуваат радикализација на поединци, додаде тој. Како една од новите причини за радикализација, тој ја наведе ситуацијата во Појасот Газа и пропагандата на исламистичките групи кои поттикнуваат поединци да вршат напади.

Прикажи повеќе...

Европа

Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици

Објавено пред

Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим кога дошло до испуштање штетни испарувања од базенот. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

dobivaj vesti na viber

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Повредени се вработените во хотелот, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи, кои биле на појадок.

Отровни испарувања доаѓале од бањата и велнес-центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања, биле затворени околните улици.

Прикажи повеќе...

Европа

Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија

Објавено пред

Утрово, во Италија, во провинцијата Салерно, два питбула го нападнале тринаесетмесечното момче Франческо Пио Д’Амара и го убиле. Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата ги повредиле и нив. Според првите информации на полицијата, која на местото на несреќата пристигнала со возило на брзата помош, сопствениците на кучињата биле познајници на мајката. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот на семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.

dobivaj vesti na viber

Паола, мајката на детето, по несогласувањата со сопругот, се преселила во Камполонго, каде што изнајмила дел од селската куќа во која живеела сама со синот. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата, кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува „Салерно кориере“.

Според соседите, кучињата досега не покажале знаци на агресија. Градоначалникот на Еболи, Марио Конте, изјави дека администрацијата ќе ги сноси трошоците за погребот на детето. Во Италија не постои список на потенцијално опасни кучиња. Во 2006 година Министерството за здравство донесе правилник во кој беше вклучен список на раси што се сметаат за опасни, но оваа одредба подоцна беше укината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија3 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија5 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија6 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет6 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија7 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет7 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија7 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет7 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија21 час

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија22 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија23 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...