Европа
Могерини повика на поголема соработка меѓу ЕУ и Турција во борбата против IS
Европската унија (ЕУ) и Турција премногу се раздалечија во надворешната политика и мораат да имаат подобра „соработка“ за да се соочат со многубројните закани, вклучувајќи ја и Исламската држава (IS), порача шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во понеделникот за време на својата посета на Турција.
Европската унија (ЕУ) и Турција премногу се раздалечија во надворешната политика и мораат да имаат подобра „соработка“ за да се соочат со многубројните закани, вклучувајќи ја и Исламската држава (IS), порача шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во понеделникот за време на својата посета на Турција.
Могерини потсетила дека Турција, која е земја кандидат за членство во Унијата, прифатила помалку од една третина од позициите кои ЕУ ги има во поглед на надворешната политика, за разлика од минатото, кога Анкара се согласувала со повеќе од 80 проценти од европските позиции, пишува EurActiv.
„Мора да ја подобриме соработката во поглед на надворешната и безбедносната политика, никогаш не била на толку ниско ниво и ова е проблем за Европската унија, но воглавно е проблем и за Турција“, изјави Могерини во Анкара.
Турција преговара за членство во ЕУ уште од 2005-та година, но политичките препреки, генерално поради поделбата на Кипар и противењето кон турското членство од страна на некои земји членки на Униијата, го забавија процесот.
Посетите на Могерини, еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан и еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилијандес доаѓаат во насока да и’ дадат нова динамика на врската меѓу ЕУ и Турција, вклучувајќи поблиска соработка против Исламската држава, како и барање од Анкара да не ги запостави европските санкции кон Русија.
Посетата на европските челници, исто така, доаѓа една недела по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција, за време на која тој соопшти дека Москва ќе го напушти проектот за гасоводот „Јужен тек“ и дека како алтнернатива ќе гради гасовод со Турција.
Могерини потенцира дека ЕУ нема да влезе во битка со Русија за влијанието врз Турција.
„Би било добро доколку во иднина со Русија создадеме повеќе области за соработка отколку за конкуренција , но Турција е дефинитивно надвор од оваа игра, доколку воопшто и има некаква игра“, порачала Могерини.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика претходно потсети дека земјите членки на ЕУ мора да работат заедно со интернационалните партнери како што е Турција за да ги сопрат странските борци кои патуваат на Блискиот исток и стануваат дел од радикалните исламистички групи.
Се верува дека илјадници европски граѓани отпатувале во Сирија и Ирак за да се борат за разни радикални групи, вклучувајќи ја и Исламската држава, а повеќето транизитираат низ Турција, која беше критикувана поради тоа што не успеала да ја контролира својата граница со овие две земји./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.