Европа
Москва му предложи на Киев да размести украински граничари на руска територија
Рускиот претседател Владимир Путин предложил да се разместат украински граничари и набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на руската страна од пограничните премини кои ги контролираат бунтовниците, и Москва се надева на скорешен почеток на директните преговори за тоа прашање, изјави во понеделникот навечер шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Овие контролни пунктови пред неколку денови беа заземени од (проруските) милиции, и претседателот на Украина упорно го покренува тоа прашање, и тоа неколкупати, како да се врати ситуацијата под контрола и да се осигури транспарентност, за да можат сите да се убедат дека преку тие премини не минуваат вооружени луѓе“, изјави рускиот министер за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, коментирајќи го неколкучасовниот телефонскиот разговор претходно во понеделникот воден меѓу челниците на Франција, Германија, Русија и Украина.„Рускиот претседател Владимир Путин предложи на тие контролни пунктови на руската страна да бидат распоредени претставници на пограничната служба на Украина за заедничко контролирање на границата и, исто така, на овие премини од руска страна да бидат распоредени набљудувачи од ОБСЕ“, изјавил шефот на руската дипломатија, пренесува РИА Новости.Според Лавров, руското раководство се надева дека во врска со ова прашање „во блиска иднина ќе започнат директните суштински преговори меѓу пограничните служби на Русија и на Украина, за да се усогласат параметрите за присуство на набљудувачите“.Лавров, исто така, рекол дека Москва е подготвена многу набрзо да поднесе во Постојаниот совет на ОБСЕ нацрт-решение „коешто ќе го санкционира распоредувањето на набљудувачите од ОБСЕ на руските контролни пунктови, што е овозможи да се обезбеди контролата над транспарентноста и неискористувањето на овие премини за нелегални цели“.Шефот на руската дипломатија истакнал дека руската покана за присуството на украинските погранични служби и набљудувачите од ОБСЕ ќе важи во периодот на одржувањето на прекинот на огнот во Украина. Лавров изразил притоа надеж дека „оваа иницијатива на рускиот претседател ќе им овозможи на сите, од кои тоа зависи, да донесат и да осигурат одлука за продолжување на прекинот на огнот, како и за проширување дејствувањето на примирјето“./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.