Контакт

Европа

На Google објавени податоци за 112.000 француски полицајци

Објавено пред

Личните податоци 112.000 француски полицајци се вчитани на сервисот Google disk, две седмици откако џихадист уби двајца полицајци.

dobivaj vesti na viber

Организацијата којашто им дава дополнителни здравствени услуги на полицајците известила дека информациите, коишто ги вклучуваат и домашните адреси, ги објавил незадоволен службеник, пренесува BBC.

Податоците се заштитени со лозинки и нема знаци дека засега некој имал пристап до нив, велат од организацијата Mutuelle Generale de la Police (MGP).

Инцидентот се случува две седмици откако полициски офицер и неговата партнерка полицајка се убиени во нивниот стан во предградие на Париз, а нивното дете го преживеа нападот на Лароси Аббалла.

Во текот на преговорите со полицајците „убиецот рекол дека е практичен верник, дека го почитува Рамазан и додал дека пред три седмици му се заколнал на верноста на командантот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади“, прецизираше тогаш парискиот обвинител Фрасоа Молен за новинарите.

Напаѓачот идентификуван како 25-годишниот Аббалла знаел дека жртвата е полицаец и рекол дека одговорил на повикот на „калифот“ на Исламската држава „да ги убива неверниците во нивните домови, заедно со семејствата“, додаде Молен.

На местото на убиствата откриена е листа на други потенцијални цели на кои се имиња на француски рапери, новинари, полициски службеници и други јавни личности.

Телевизијата RTL на француски јазик пренесува во понеделникот вечерта дека податоците за полицајците, активни и пензионирани, на 2-ри јуни биле вчитани на сервисот на Google за чување и споделување податоците и дека се заштитени со лозинка. Засега не е познато дали лицето кое и објавило преземало уште други безбедносни мерки за нивна заштита.

Информатичките стручњаци истакнуваат дека Google disk инаку нуди двојна заштита на таквите податоци, но доколку тоа не сторено, може да им пристапи секој кој ја знае лозинката

Од споменатата организација велат дека биле жртва на „злонамерноста на вработен“, а во полицискиот синдикат инцидентот го оценуваат како „многу загрижувачки“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на неприфатливи идеи како што е повлекувањето на Москва од териториите што ги окупирала.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за московскиот весник „Известија“, Лавров рече дека мировниот самит предложен од Украина нема да успее додека не се променат неговите основни постулати, вклучително и тоа дека на него треба да биде дозволено учество на Русија.

„Во секој случај, ние сме подготвени да разговараме, но не врз основа на „мирната формула“ на Зеленски“, рече Лавров.

Тој, исто така, се прашуваше како некој сериозен политичар во Вашингтон, Брисел, Лондон, Париз или Берлин „може да каже дека нема алтернатива за формулата на Зеленски“.

Лавров ги отфрли како неприфатливи одредбите од украинскиот мировен план, со кои, меѓу другото, се бара Русија да се повлече од териториите што ги окупираше, вклучувајќи го и Крим, анектиран во 2014 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отфрла каква било помисла за преговори со Москва на која било основа освен мировен план, забележува Ројтерс.

Лавров рече дека се сретнал со официјални претставници и дипломати од Швајцарија кои го увериле дека мировниот самит, на кој Берн се согласи да биде домаќин, ќе ја вклучи Русија и ќе се одржи под „реални услови“.

„Ние разбираме дека ништо не може да се реши без вас, тоа е неправедно“, ги цитира Лавров зборовите на швајцарските претставници.

Прикажи повеќе...

Европа

Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија

Објавено пред

Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.

Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.

Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.

Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.

Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.

Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.

„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.

Автобусот патувал од Берлин до Цирих.

Прикажи повеќе...

Европа

(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт

Објавено пред

Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.

dobivaj vesti na viber

Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.

Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.

„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.

„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.

Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 минути

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија12 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија14 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија16 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија17 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија18 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ19 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија19 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија19 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија22 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет23 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет23 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија23 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион23 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет23 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет23 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...