Европа
На изборите во Швајцарија доминира популистичката десница
Швајцарците во неделата гласаат за новиот парламент, а се оценува сека во предност е популистичката десница која во кампањата својата доминантна позиција се трудеше да ја подобри по прашањето на имиграцијата.
Националистичката Швајцарска народна партија (SVP) , најсилната партија во земјата, ја истакнуваше имигрантската закана како централно место во својата предизборна кампања и тврдеше дека во Швајцарија до 2030 година половината од населението ќе бидат доселеници. Сега странците прават четвртина од осумте милиони жители на земјата.
Бегалската криза којашто ја зафати Европа беше во фокусот и на швајцарската предизборна кампања, иако оваа земја не е меѓу клучните дестинации за илјадниците имигранти кои секојдневно доаѓаат на континентот.
Речиси половината од испитаниците во една од последните анкети на институтот GFS.Bern сметаат дека имигрантската криза е најургентното прашања коешто треба да биде решено, а дека SVP е најкомпетентната партија за решавање на овој проблем. Истата анкета покажа дека веќе со децении ниедна кампања немала само едно прашање во својот фокус.
Бројот на имиграните и бегалците кои пристигнуваат во Швајцарија, главно преку Киасо, мало место на границата со Италија и главно место за влез на имигрантите во Швајцарија, значително се зголемил, па во септември достигнал 3.000 луѓе, што е двојно повеќе од бројот забележан во истиот период минатата година.
Од SVP, пак, повикуваат швајцарските прописи за азилот, кои инаку се веќе доста заострени, да бидат уше поцврсти, а претседателот на партијата Кристоф Блошер минатата седмица изјави дека е потребно да биде „запрен хаосот“ . Анкетите покажаа дека оваа партија, која е најсилната, ќе биде уште посилна, и очекува 28 отсто од гласовите на овие избори.
Имајќи го предвид доста сложениот изборен систем во Швајцарија, во која главни правила се консензус и поделба на власта, полесно е да се победи на избори отколку да се прошири политичката моќ. Така, швајцарската владата нема да може, и покрај свртувањето во десно преку изборните резултати, да изгледа многу поинаку по гласањето. Изборите во Швајцарија ретко доведуваат до поголеми промени во владата којашто има само седум членови, а ресорите се однапред рамноправно поделени меѓу најсилните партии и оттаму извршната власт не ја одразува директно рамнотежата на силите во парламентот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.