Европа
На Путин му ја покажаа „црната кутија“ од рускиот авион што го собори Турција
Уредот за снимање на параметрите на летот на рускиот бомбардер „Су-24М“ кој на 24-ти ноември беше соборен од турските ловци „F-16“, е пронајден и му беше претставен во вторникот на рускиот претседател Владимир Путин, од страна на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, но за содржината на записот засеа не се споменува ништо. Путин притоа побара содржината да биде обработена исклучиво во присуство на странски експерти за да се разјасни како точно се одиграл инциденот.
„Активно работевме на територијата на којашто беа базирани милитантите коишто го убија нашиот пилот, и друг збор за тоа не можам да најдам. Како резултат на тоа ангажирање, таа територија е ослободена во операцијата на нашите сили и специјалците на сириската армија во потрага по екипажот, и го пронајдовме местото на падот на нашиот авион“, изјавил Шојгу на средбата со Путин, пренесе агенцијата РИА.
Путин заблагодарувајќи им се на учесниците во операцијата за спасување на пилотите и потрагата по остатоците од соборениот авион, истакнал дека „црната кутија“ може да ги разјасни сите податоци за инцидентот и побрал нејзината содржина да биде обработена само во присуство на меѓународните.Рускиот претседател додаде дека декодирањето на уредот ќе помогне да се определи точното движење на авионот, и каде се наоѓал во моментот кога врз него бил извршен „предавничкиот удар на воздухопловните сили на Турција“.
Според рускиот министер за одбрана, милитантите брзо ја напуштиле таа територија, во близина на границата со Турција.„Тие не успеаја ништо да земат од авионот, и беше пронајден снимачот на параметрите (на летот), кој го донесовме да ви о претставиме“, рекол уште Шојгу, без да навлегува пред новинарите во поединости. Рускиот пилот кој се катапултирал откако неговиот авион „Су-24М“ беше соборен на турско-сириската граница, бил убиен од припадниците на турската ултранационалистичка организација „Сиви Волци“ водена од Алпаслан Челик, пренесоа два дена по инцидентот турските медиуми. На видео материјалот кој беше објавен се наведува дека споменатиот Алпаслан Челик и „неговите соборци пукаа врз пилотот откако авионот бил погоден од турскиот F-16“. Истовремено тие тврдеа дека пронашле две тела на загинати пилоти, а не на еден.Руското министерство за одбрана објави дека во спасувачка мисија на руските маринци и сириските специјалци од областите под контрола на туркменските бунтовници бил извлечен навигаторот на соборениот бомбардер Константин Мурхатин, додека пилотот Олег Пешков бил убиен додека атерирал со истрели од земја.На интернет, исто така, бунтовниците поставија видео на кое беа прикажани борци собрани околу мртво тело на лице во пилотска униформа, кои извикуваат пофалби на Алах и жалат што не го запалиле телото.Турски и западните медиуми објавија дека руските пилоти се приземјиле на територијата во Сирија којашто ја контролираат сириските Туркмени бунтовници кои се поддржувани и вооружувани од Турција. Претходните години во тамошните медиуми се појавуваа написи дека во спомената област дејствува групата на ултранационалистите „Сиви волци“ кои ги предводи Алпаслан Челик, државјанин на Турција, роден во градот Кебан. Познато е, исто така, дека тој е син на поранешниот градоначалник на овој град, Рамазан Челик. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.