Европа
Над 200 уапсени по судирот меѓу полицијата и демонстрантите во Париз

Најмалку 208 демонстранти се приведени во безредијата и судирите со полицијата во Париз, кои избувнаа по протестите против конференцијата за климата, кога силите на редот со солзавец и шок гранати одговорија на гаѓањата со разни предмети за да ја растераат масата.
Француската влада претходно го забрани маршот во неделата на кој повикуваа еколошките активисти во пресрет на одржувањето на меѓународната конференција за климата СOP21, која ќе започне во понеделник во Париз. Но и покрај забраната за организирање јавни собири воведена по нападите од 13-ти ноември, демонстрантите се упатија кон Плоштадот на Републиката, во строгиот центар на француската престолнина. Некои уште тогаш беа приведени со употреба на сила од страна на полицијата, известуваат медиумите.Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека актите на насилство извршени во неделата во центарот на Париз од страна на демонстрантите кои фрлале шишиња и други предмети врз полицајците, треба силно да бидат осудени, пренесува AFP.Според агенцијата, 34 луѓе од вкупно приведените за време на безредијата, набрзо биле ослободени.Безредијата избувнаа откако десетици маскирани демонстранти облечени во црно започнале да фрлаат стаклени шишиња врз полицајците распоредени во голем број. Демонстрантите врз нив почнале да ја фрлаат оградата, па овие морале да возвратат со солзавец, според соопштението на париската полиција. Во неделата попладнето учесниците на париските демонстрации оставиле повеќе од четири тони обувки на подрачјето на француската престолнина, симболизирајќи го со тоа вниманието кон еколошките проблеми. Според организаторите, на протестот се одѕвале повеќе од 10.000 луѓе, додека властите на Париз соопштија бројка од 4.500 демонстранти.Демонстрантите се собраа на повикот на помалите еколошки групи кои е нарекуваат „Anticop21“. „Вонредна состојба, полициска држава. Нема да ни го одземете правото на протести“, извикуваа демонстрантите. Тие претпладнето формираа долга човечка верига меѓу двата централни плоштада. Такви синџири се организираат и во другите француски градови, и особено на западот од земјата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: „Русија има план доколку НАТО се прошири“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руското Министерство за одбрана има планови за безбедноста на земјата доколку НАТО се прошири.
Песков денеска изјави дека Русија прави напори да ја обезбеди својата безбедност, особено во контекст на можното распоредување на оружје на НАТО во Финска и Шведска.
„Таквите опции се разгледуваат, а тоа не го прави Кремљ, туку Министерството за одбрана. Веќе кажавме дека имаат соодветни планови и се прават напори за да се обезбеди нашата безбедност“, изјави Песков на прашањето дали Русија разгледува опции за одговор на евентуалното формирање на базата НАТО во Финска недалеку од руската граница, пренесува ТАСС.
Прашан за коментар за процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, Песков рече дека претседателот Владимир Путин веќе ја разјаснил својата позиција „и нема што да се додаде“.
Шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска и амбасадорите на 30 членки на НАТО рано денеска ги потпишаа протоколите за пристапување во алијансата.
Тие ќе можат да влезат во НАТО откако сите членки ќе ги ратификуваат документите.
Европа
Шолц: Мораме да се подготвиме дека оваа ситуација нема да се промени во догледна иднина

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги подготвува граѓаните на Германија за натамошни поскапувања.
„Актуелната криза нема да помине за неколку месеци – порача социјалдемократот (СПД) на почетокот на таканаречената „заедничка акција“ со највисоките претставници на работодавачите и синдикатите, во кабинетот на канцеларката. Војната на Русија во Украина и нарушените синџири на снабдување поради пандемијата на корона создадоа општа неизвесност. Мораме да се подготвиме за фактот дека оваа ситуација нема да се промени во догледна иднина“, рече Шолц. „Германија се соочува со „историски предизвик“, додава тој.
Целта на овој прв од серијата состаноци е да се најдат инструменти за потиснување на растот на цените. Резултатите ќе бидат познати дури наесен, пишуваат тамошните медиуми.
„Како држава, добро ќе ја поминеме оваа криза само ако се обединиме, ако заеднички, рака под рака, изнаоѓаме решенија“, нагласи Шолц.
„Пораката што ми е важна е да се држиме заедно“, рече канцеларот.
Претседателот на работодавците Рајнер Дулгер исто така гледа темни облаци на хоризонтот.
„Земјата се соочува со најтешката економска и општествено-политичка криза од обединувањето. Тоа може да се надмине само со заеднички напори. Постојаниот економски раст, како што е забележан пред пандемијата на корона и почетокот на војната во Украина, веќе не е нешто што се зема здраво за готово. Пред нас се тешки години“, рече тој.
Европа
Рускиот министер за одбрана: Воспоставуваме поморски коридори за извоз на жито

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија воспоставува два хуманитарни поморски коридора во Црното и Азовското Море за да го олесни извозот на жито.
„Преземаме сет на мерки за да овозможиме безбедна пловидба во водите на Црното и Азовското Море. Опасноста од мини во пристаништето Мариупол е целосно елиминирана“, рече Шојгу, а пренесе руската новинска агенција РИА Новости.
Русија постојано повторува дека не го попречува извозот на украинско жито.