Европа
Најголемите партии во ЕП му дадоа силна поддршка на Јункер
Расправата во Европскиот парламент(ЕП) во понеделник навечер за иницијативата за изгласување недоверба на претседателот на Европската комисија(ЕК) Жан-Клод Јункер, помина без изненадувања, со силна поддршка од страна на главните политички партии на Јункер.
Група од 77 пратеници во ЕП потпиша барање и покрена постапка за изгласување недоверба на Јункер, по откривањето на аферата Лукс-ликс, во која беше откриено дека големи мултинационални компании со години склучувале даночни аранжмани со луксембуршките даночни власти, избегнувајќи да плаќаат данок на добивка во земјите каде што го оствариле профитот. Јункер во целото тоа време беше премиер и министер за финансии на Луксембург.
Челниците на најголемите политички групи во ЕП – народните, социјалистите и либералите, најавија дека во четврток, кога ќе се гласа за поднесокот за изгласување недоверба, ќе гласаат против.
„Даноците се во целост во надлежност на државите членки, а тоа е идеален свет за Марин Ле Пен (лидерка на Националниот фронт) и Најџел Фараџ (претседател на УКИП), рече шефот на пратеничката група на Европската народна партија Манфред Вебер.
„Комисијата треба да одговори на барањата на граѓаните, а не да отстапи. Да покренеме инвестиции и борба против корупцијата“, порача првиот човек на социјалистите Џани Питела.
Посебно остар кон покренувачите на иницијативата беше шефот на либералите Гај Верхофстад.
„Оваа расправа покажува дека постои скриена врска меѓу Марин Ле Пен и Фараџ“, рече Верхофстад и ја обвини Ле Пен затоа што зела заем од една руска банка, а Фараџ за избегнување за плаќање данок.
Во име на предлагачите зборуваше авторот на поднесокот, пратеникот на италијанското Движење пет ѕвезди, Марко Зани.
„Јункер е на страната на даночните затајувачи и ја поддржуваше секоја промашена политика на ЕУ последните години“, рече Зани.
Јункер е сигурен дека недовербата нема да му биде изгласана и порача дека ќе го направи она што го ветил пред изборот. /крајхн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.