Европа
Најкрвавите атентати во новата европска историја: Париз 2015-та веднаш зад Мадрид 2004-та
Нападите во Париз во коишто според официјални податоци во петокот вечерта се убиени најмалку 120 луѓе, се едни од најкрвавите напади во Европа во последните 40 години, по оние извршени во шпанскиот главен град Мадрид од 11-ти март 2004 година.
Франција, 7-ми јануари 2015 година, двајцата француски џихадисти, браќата Коуаши, убија 12 луѓе во редакцијата на парискиот сатиричен весник Charlie Hebdo поради објавување карикатури на пророкот Мухамед. Беа убиени од полицијата по три дена, Во двата дена по овој напад, друг француски џихадист Амеди Кулибали уби полицајка и уште четири лица во продавница за еврејска кошер храна во Париз, пред да биде убиен.Норвешката, 22-ри јули 2011 година, десничарскиот екстремист Андерс Бехринг Брејвик детонираше бомба во близина на седиштето на владата во главниот град Осло,при што загинаа 8 луѓе, а потоа отвори оган во летен камп на младите лабуристи на блискиот остров Утоија, каде уби 69 главно млади луѓе. Отслужува казна од 21 година затвор, максимална досега пресудена во Норвешка, која може да биде продолжена според измените во законот специјално направени по овој повод, со кои претходно не беа опфатени терористичките акти.Велика Британија, 7-ми јули 2005 година, во четири координирани самоубиствени напади врз три станици на подземната железница и на автобус во Лондон, загинаа 56 луѓе а околу 700 беа ранети. Одговорноста ја презема ќелија блиска на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.Шпанија, 11-ти март 2004 година, десетици бомби експлодираа утрото во Мадрид и негово предградие во четири возови. Загинаа 191 човек, а околу 2.000 беа ранети. Одговорноста во името на Ал Каеда ка презема една фракција исламски фундаменталисти.Велика Британија, 15-ти август 1998 година. Експлозија на автомобил бомба во гратчето Омејг во северозападниот дел на Северна Ирска во која загинаа 29 луѓе и 220 беа ранети, од кои многу млади. Одговорноста ја презема одметната фракција на Ирската републиканска армија (IRA).Шпанија, 19-ти јули 1987 година, во атентат изведен со автомобил бомба извршен од страна на баскиската сепаратистичка организација ЕТА на паркинг пред трговскиот центар „Hipercor“ во Барселона, загина 21 човек а 45 беа ранети.Италија, 2-ри август 1980 година, во експлозија на бомба во чекалница на железничка станица во Болоња загинаа 85 а ранети беа 200 луѓе. Тоа е најкрвавиот напад во земјата која беше на удар на терористички бран на екстремните леви и десни групи. Двајца членови на една терористичка група од екстремната десница се осудени на доживотен затвор, но налогадавачите не се откриени, а повремено се расветлуваат нови детали./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.