Европа
НАТО одржува воена вежба во Латвија веднаш по самитот во Велс
НАТО одржа воена вежба во саботата во Латвија демонстрирајќи подготвеност на челниците на Алијансата да ги бранат балтичките држави кои стравуваат од Русија, која ја обвинуваат дека интервенира во конфликтот во Украина, и се плашат дека Москва би можела да реагира под изговор да го заштити големото руско малцинство во овие држави.
На самитот на НАТО во петокот во Велс беше донесена одлука за формирање нови единици за брза реакција и ќе ги зајакната вежбите во источна Европа како реакција на „руските акции во Украина“.Балтичките земји стравуваат дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да го употреби изговорот за заштита на руското малцинство кај нив, како што го образложи присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим кој се одлучи преку референдум да истапи од составот на Украина. Трите балтички држави членки на НАТО, Латвија, Литванија и Естонија, се многу зависни од руските енергенси, а Латвија и Естонија имаат и големи руски малцинства додека на рускојазичните граѓани им го одредуваат статусот „недржавјани“ со кои им се ограничуваат некои права поради што се често критикувани од ОН и ЕУ. Во Латвија живеат 26 отсто Руси, во Литванија околу 6 проценти, а во Естонија тие сочинуваат 25 отсто од населението.Во петокот навечер околу 500 падобранци слетале на аеродромот во Лиеварде, околу 60 километри од латвискиот главен град Рига, заедно со стотина возила и авиони, имајќи предвид дека воената вежба под назив „Цврсто копје“ симулира распоредување на војници и опрема на НАТО во земјата во кризна ситуација. Вкупно две илјади војници до девет земји ги изведуваат овие маневри во пет земји, Германија, Естонија, Латвија, Литванија и Полска од 2-ри до 8-ми септември.„Сакаме да ги увериме нашите луѓе дека сме способни да ги заштитиме“, изјави Ханс-Лотар Домросе, командант на воената команда на НАТО во Брунсум во Холандија.„Сигурно дека освен тоа му испраќање јасна порака на секој кој сака да го загрози НАТО дека тоа не е она што треба да го прави,. НАТО секогаш ќе ги брани и штити своите луѓе“, истакна генералот Домрос пред медиумите во Рига.За да се демонстрира предаденоста на НАТО на одбраната на земјите членки, по оваа вежба оваа есен ќе следуваат и други во Германија, Норвешка, Украина и Полска. Заменикот командант на копнената команда на НАТО, генерал полковникот Ед Дејвис изјави во петокот дека одлуката на Алијансата да ги формира новите сили за брзо распоредување и реакција претставува пресвртница, пренасочување на одбраната на територијата на земјите членки по повеќе од една од деценијата воен ангажман во Авганистан.Додаде дека поединостите за силите за брза реакција уште треба да се разработат. Предводникот на тие сили би требало да бидат 4.000 до 5.000 војници способни за распоредување во рок од 48 часа на секоја територија на земја членка на НАТО.„Треба да бидат релативно лесни сили. Траба да бидат сили кои доаѓаат, работат на основа на разузнавачка работа и подвижност, и прецизност за разлика од чекањето на воена сила. Тоа се подвижни, прецизни, разузнавачки водени сили кои брзо може да бидат распоредени“, изјави Дејвис за Reuters./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.