Европа
НАТО се мачи со формирање на силите за брзо дејствување
Основањето на силите за брзо дејствување на НАТО, што се смета за еден од главните одговори на Алијансата на присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, изгледа многу потешко отколку што се очекуваше поради недостигот од опрема и кавгите околу финансирањето, истакнуваат дипломатите.
Основањето на силите за брзо дејствување на НАТО, што се смета за еден од главните одговори на Алијансата на присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, изгледа многу потешко отколку што се очекуваше поради недостигот од опрема и кавгите околу финансирањето, истакнуваат дипломатите.
Челниците на НАТО се договорија на почетокот од септември на самитот во Велс се договорија за формирање посебни единици со 5.000 припадници на пешадијата, со поддршка од воздух и од море, како и од специјални сили, со што се настојува да се смират источноевропските сојузници на границата со Русија или Балтичките земји кои имаат значителни руски малцинства, поради акциите на Москва во кризата во Украина.
Челниците ги замислија како сили способни за брзо дејствување во случај на тензии и проблеми во источна Европа, во земјите коишто порано беа дел од Советскиот сојуз или од Варшавскиот воен договор кој беше идеолошката противтежа на НАТО во периодот од блоковската Студена војна, но денес се членки на Алијансата.
„Утврдивме дека основањето на тие сили е многу потешко отколку што очекувавме кога таа одлука ја носевме во Велс“, изјави за Reuters британскиот амбасадор во НАТО, Адам Томсон.
Една од причините е намалувањето на вооружените сили на НАТО, што ја намали можноста за разместување на опремата ширум Европа по завршувањето на Студената војна.
„Далеку се оддалечивме од способноста којашто Алијансата ја разви за колективната одбрана во текот на Студената војна“, истакнува Томсон.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на состанокот во вторник ќе разгледаат дали по самитот е остварен напредок. Алијансата очекува дека министрите за одбрана до февруари 2015 година ќе ја одобрат големината и системот на силите за брзо дејствување. Меѓутоа, дипломатите не очекуваат дека ќе бидат оперативни до 2016 година.
Друг дипломат во НАТО, кој сакал да остане анонимен, за агенцијата рекол дека во фокусот на дебатата за споменатите сили е „кој ќе ги плати и кој ќе ги обезбеди војниците и опремата“.
Европските сојузници очекуваат главна улога, но веројатно поради долгогодишните кастрења на воените буџети ќе мора повеќе да се потпрат на САД, најголемата воена сила во НАТО, за да помогне во превозот на тешката опрема и при надзорот.
Помалку од стотина војници на НАТО би требало да бидат распоредени во секоја од балтичките земји, како и во Полска, Романија и во Бугарија, поради организацијата на брзото распоредување. Силите за брзо дејствување би ротирале секоја година меѓу државите, а водечка улога би имале најопремените сојузнички земји Велика Британија, Франција и Германија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.