Европа
Неизвесен исходот од самитот ЕУ-Турција
Челниците на Европската унија во понеделникот доцна вечерта се обидиваат да ги усогласат своите ставови за можниот договор со Турција околу решавањето на мигрантската криза, додека од дипломатски извори агенциите добиваат контроверзни информации за можноста за постигнување договор.
Според некои информации, челниците на 28-те земји членки на ЕУ нема да можат во понеделник да постигнат договор за понудата којашто Турција ја изнесе на самиот за мигрантската криза и дека на тоа ќе се работи следните неколку денови, додека други извори тврдат дека договорот е можен уште во текот на ноќта. Дел од земјите членки, според неофицијални информации, и натаму се упорни на тоа дека не може да биде постигнат договор за затворање на ткн западнобалканска мигрантска рута, на којашто се наоѓа и Македонија, без договор со Турција.Уште рано претпладнето во понеделникот повеќе дипломатски извори тврдеа дека германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан-Клоид Јункер не се согласуваат со предлог декларацијата на челниците на Европската унија да биде вметната реченицата дека ткн „западнобалканската (бегалска) рута е затворена“.Челниците на ЕУ, кои во понеделникот се собраа на специјална средба на врвот за мигрантската криза, се обидуваат да го усогласат текстот од одговорот на турските барања, коишто за време на работниот ручек им ги презентирал турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Турција, меѓу другото, барала дополнителни три милијарди евра до 2018 година, покрај оние кои ЕУ ги вети на самитот ланскиот ноември, укинување на визите до крајот на јуни годинава за турските државјани и договор за враќање на мигрантите од Грција во Турција за врз основа на формулата „за еден Сириец кој со реадмисија е вратен од грчките острови во Турција, еден Сириец ќе биде релоциран“ директно од Турција во земја на ЕУ.Портпаролот на унгарската влада изјави прецизно дека премиерот Виктор Орбан ставил вето на предлогот за директно преселување на сириските бегалци од Турција во Европската унија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.