Европа
Немири во квартот каде живее францускиот премиер, медиумите го бојкотираат во Алжир
Неколку стотици луѓе протестираа и предизвикаа безредија ноќта кон неделата во парискиот кварт каде што се наоѓа домот на францускиот премиер Мануел Валс, кој е во посета на Алжир која ја бојкотираат француските медиуми.
Како што известува пренесува телевизијата BFM TV, имало обид да се организираат демонстрации пред домот на премиерот Мануел Валс, кој во недела е во посета на Алжир.
Полицијата ги блокирала повеќето улици, по што демонстрантите „сторија акти на вандализам“ и влегоа во судири со полицијата во 11-от арондисман во Париз, којашто употребила солзавец за нивно растерување. Според неофицијални информации, притоа биле приведени неколку поттикнувачи на безредијата.
Телевизиските снимки прикажуваат скршени витрини од дуќани, уништени банкомат и полициско возило, а на една од улиците кон домот на премиерот расфрлани отпадоци од контејнери.
Протестот е предизвикан од новата реформа на законот за труд во Франција. Слични протести, но без сериозни инциденти се одржаа измината ноќ во уште околу 60 градови низ Франција.
Француските медиуми во неделата ја бојкотираат посетата на премиерот Мануел Валс на Алжир, бидејќи оваа земја одбила да акредитира двајца новинари од дневниот весник Le Monde и на телевизиската емисија Petit Journal на телевизијата Canal+, пренесува AFP.
Алжирските власти, имено, поради незадоволството како весникот Le Monde известувал за скандалот Panama Papers и начинот на кој Petit Journal често ја исмејува здравствената состојба на алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика, одбија да издадат визи, па следствено и акредитации за новинарите од овие два медиума..
Францускиот премиер изјави дека жали поради таквата одлука, особено бидејќи двете земји „делаат иста визија по многу прашања, вклучително и проблемот со Либија“. Валс, истакнувајќи ги „стртатешките односи“ меѓу Париз и Алжир изјави дека „тука сме бидејќи пријателството меѓу Алжир и Франција ги надминува малите проблеми“.
Поради ускратувањето на акредитациите на колегите, посетата на Валс не ја покриваат јавните радија France Culture и France Inter, дневните весници Liberation и Le Figaro. Телевизијата France 2, исто така, не испрати екипа туку само снимател кој ќе го обебзеди „пулот“, а слично постапи и каналот TF1.
Агенциите AFP и Reuters ја следат посетата, бидејќи, како што објаснија, имаат обврска кон домашните и странските корисници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.