Европа
Нордиските земји утврдија одбранбена стратегија против Русија
Нордиските земји договориле да ги зајакнат одбранбените соработки и да ја зголемат со земјите на Балтик, како и со мерки за застрашување да ја зголемат безбедноста во тој регион, порачувајќи дека Русија претставува најголемиот предизвик за европската безбедност.
Во заедничката изјава којашто ја објавија во норвешкиот дневен везник Aftenposten, министрите за одбрана на Норвешка и Данска, кои се членки на НАТО, како и на Исланд кој го претставуваше министерот за надворешни работи бидејќи оваа земја нема ресор за одбрана, и неутралните Шведска и Финска, порачаа дека северна Европа мора да се подготви за можни кризни состојби или инциденти поради Русија.
„Русија презема големи економски вложувања во својот воен потенцијал. Руските челници покажаа дека се подготвени на практично и ефикасно користење на воените средства за да постигнат политички цели, дури и доколку тоа вклучува и кршење на начелата на меѓународното право“, се наведува во министерската изјава.
„Руските војници преземаат провокативни активности на нашите граници, имаше неколку инциденти на границите со балтичките земји. Во Балтикот и во нашите северни области постои зголемена воена и разузнавачка активност“, за вели натаму во изјавата. Петорката министри на северните европски земји, исто така, истакнуваат и руска агресија кон Украина, којашто, според нив, е предизвик за европската безбедност и ја влошила состојбата во регионот во оваа сфера.
„Нордиските земји ја акцептираат ова ситуација со заедништво и продлабочување на соработката“, се вели во меморандумот. Се претпоставува дека станува збор за проширување на обемот на заедничките воени вежби, соработка во индустријата, вклучително и одбранбената, размена на разузнавачки податоци и заедничка обработка на дигитални податоци, односно прислушувања.
„Руските постапки се најголемата закана за европската безбедност. Руската промоција и политичките маневри придонесуваат за сеењето раздор меѓу нациите и во организациите како што се НАТО и Европската унија“, се наведува натаму во документот.
Финска, којашто граничи со Русија, како и Шведска, не се членки на НАТО, но започнаа засилена соработка, а заедничката изјава се смета за „еден од најострите одговори на можната руска закана“, пишува весникот. Норвешкото министерство за одбрана во соопштение ја потврди автентичноста на изјавата и најави нејзино објавување следните денови во поголемите весници во нордиските земји.
Заедничката изјава на петте министри е објавена во моментот на зголемена напнатост во Европа, откако Западот ја обвини Русија дека по превратот на власта во Украина го анектирала црноморскиот полуостров Крим, каде доминантното руско етничко население преку референдум се присоедини на Руската Федерација. На северот од Европа, барем во политичките кругови, расте загриженоста поред наводно можна руска интервенција, особено поради тоа што во етичките земји живее голема руска етничка заедница која ги нема сите права за што во минатото реагира и меѓународните институции на ОН и на ЕУ. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.