Европа
Обама ја потврди долгорочната посветеност на САД на безбедноста на Европа
Американскиот претседател Барак Обама, на својот последен самит на НАТО пред заминувањето од должноста во јануари 2017 година, гарантираше долгорочна воена посветеност на САД на безбедноста на Европа и одбраната на сите нејзини сојузници.
„Во добри и во лоши времиња, Европа може да смета на Соединетите држави. Секогаш“, порача американскиот претседател Барак Обама во саботата вечерта во полската престолнина Варшава по завршувањето на самитот на НАТО.
Обама, сепак, и потсети сојузниците во Алијансата дека не би требало потполно да се потпираат на САД во поглед на нивната безбедност.
„Секој е одговорен за себе и треба да го направи најдоброто“, истакна американскиот претседател во уште едно од предупредувањата за сите земји членки на НАТО кои нема да ги зголемат своите буџети за одбраната на што долги години инсистира Вашингтон.
Шефовите на држави и на влади на 28-те земји членки донесоа одлука четири мултинационални баталјони со по илјада војници да бидат распоредени во балтичките земји и во Полска, поради одвраќање од наводната можна руска закана.
Тоа е потег без преседан на европската територија во однос на Русија по крајот на Студената војна, што сигурно нема да остане без одговор од Москва којашто веќе пати три дивизии кон границите со овие земји.
Францускиот претседател Франсо Оланд на самитот изрази загриженоста од можното доведување во прашање на врските меѓу САД и западниот дел на Европа по американските претседателски избори на 8-ми ноември годинава.
„Изборите во САД не би смееле да ја доведат во прашање таа врска“, рече алудирајќи на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговите изборни изјави дека НАТО има „застарена“ структура, и особено предупредувајќи ги Европејците и другите сојузници дека треба да се грижат за својата одбрана во смисла на поголеми вложувања, а не тоа да го плаќаат САД, што е во контекстот на досегашните американски настојувања.
САД имаат сé уште околу 60.000 војници постојано распоредени во десетина европски земји, што е многу помалку од 300.000 колку што ги имаше до Студената војна чиј крај беше одбележан во 1989 година со падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот сојуз./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.