Европа
Објавена фотографијата на третиот осомничен за нападите кај стадионот во Париз
Француската полиција во неделата вечерта ја објави фотографијата на третиот осомничен за нападите крај стадионот „Stade de France“ во Париз на 13-ти ноември, и побара од граѓаните да ги споделат со неа информациите за тоа лице.
Полицијата преку медиумите и на своите интернет ресурси ја објави фотографијата, пренесува AFP.Претходно беше идентификувано телото на еден од тројцата екстремисти кои се разнесоа во текот на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Франција и Германија. Станува збор за 20-годишниот Билал Хадфи, Французин кој живеел во Белгија. Отпечатокот од палците покажа дека лицето било регистрирано под лажно име во центарот за прифаќање на бегалци и имигранти на грчкиот остров Лерос.На фотографијата со ликот на третиот бомбаш самоубиец што е објавена е прикажано лице со името М. Ал-Махмуд, пишува британскиот јавен сервис BBC, повикувајќи се на информации од регистарот во кој се забележани имињата на имигрантите кои пристигнале на грчкиот остров Лерос.„Станува збор за лице познато како М. Ал-Махмуд. Тој пристигнал на грчкиот остров Лерос на 3-ти октомври заедно со уште еден од напаѓачите (кај стадионот Stade de France) Ахмед ал-Мохамад“, се наведува во извештајот. Според уверувањето на BBC, фотографијата во регистарот на имигрантите на островот „изгледа идентично со она којашто сега ја објави француската истрага“.Покрај телото на другиот бомбаш самоубиец кај стадионот беше пронајден сириски пасош на име на војник од сириските владини сили кои бил убиен пред речиси една година. Француската полиција претходно ја објави неговата фотографија, барајќи да ѝ бидат доставени сите информации за тоа лице.Со овој фалсификуван пасош терористот бил претходно подложен на проверка во Грција, за што се дозна откако на полициско истражните органи на европските земји им беа предадени неговите отпечатоци на прстите. Тој, исто така, бил регистриран во имигрантскиот центар на островот Лерос./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.