Европа
Од Франција 930 лица во џихад во Ирак и Сирија
Нацрт законот со кој би се спречиле заминувања на потенцијални џихадисти на Блискиот исток во понеделник ќе се најде пред пратениците во Франција која објави дека 930 нејзини државјани учествуваат во џихадистичките групи во Ирак и во Сирија.
Со таквите законски прописи Франција, чиишто власти стравуваат дека нејзините државјани по враќањето од Сирија и од Ирак би можеле да станат извршители на атентати врз западноевропски цели, им се придружи на некои европски земји, меѓу кои е и Босна и Херцеговина од регионот, коишто воведуваат мерки за спречување на учеството на своите државјани во џихадот„Околу 930 француски државјани или странци кои се пријавени овде, се вмешани во џихадот во Сирија и во Ирак“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казанев за неделникот Le Journal du Dimanche. Според министерот од оваа бројка „350 се на лице место од кои 60 се жени“. За да се спречат таквите заминувања, нацртот од законот во Франција воведува административна забрана за напуштање на територијата на земјата што би се спроведувало со одземање на пасош или на личната карта. Забраната би се изрекувала на шест месеци со можност од продолжување „сѐ додека постојат сериозни причини“ за таквата намера, се наведува во текстот на францускиот предлог што го пренесува неделникот.Парламентарецот од редовите на француските еколози Франсоа д’Ружи стравува, пак, дека законот би можел да создаде категорија „наводни терористи“. Од друга страна, пак, француската десница предлага поостар закон со кој учеството во борбени дејствија во странство без дозвола од државата би се прогласило за кривично дело и на тие лица би им се „забранило враќањето“ во Франција.Нацрт законот предвидува и блокирање на интернет страници коишто го величаат тероризмот како што тоа е сторено со мрежните страници на коишто се разменуваат содржини со педофилска порнографија.Франција не е единствената европска земја којашто е соочена со ваквите предизвици. Босна и Херцеговина донесе во јуни измени во кривичниот закон според кој за учество во борби во странство на државјани на БиХ може да им се изрече затворска казна и до десет година. Велика Британија, исто така, разгледува мерки за спречување на заминувањата на своите државјани во џихад на Блискиот исток, а Германија во петокот донесе мерки во борбата против Исламската држава, забранувајќи на својата територија секаква активност на поддршка и пропаганда во полза на споменатата организација.Францускиот министер Казанев во интервјуто за Journal du Dimanche уште вели дкеа искуствата со повратниците од џихадот се различни. „Некои ја преземаат одговорноста за она што го сториле и велат дека се подготвени повторно да заминат да се борат. Други, пак, се разорени како личности од насилството и сите можни видови егзекуции на коишто присуствувале или во кои и самите учествувале, објаснувајќи дека повеќе не сакаат за заминат“, вели Казанев.Францускиот министер за внатрешни работи, исто така, предупреди на разорување на психата од таквите насилства – „кај лицата психолошки уништени од секојдневното екстремно насилство, отсекување на глави или други варварства, паѓаат сите морални брани“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.