Европа
Околу 8.500 бегалци во саботата влегоа во Австрија
Австриските железници (OeBB) одредија специјален воз за бегалците од Никелсдорф, на границата со Унгарија, Виена, со кој ноќта во саботата по 23 часот на Западната станица во австриската престолнина пристигнаа вкупно 8.500 луѓе.
Според портпаролот на OeBB, специјалниот воз би требало да довезе уште 400 бегалци во главниот град на Австрија, која како и и Германија го отвори во саботата границите за илјадниците исцрпени мигранти кои со помош на унгарските власти со автобуси се префрлени до границата, иако во прв момент унгарската влада се обиде да ги спречи во тоа.
Другите мигранти во Никелсдорф со автобуси се префрлуваат до привремениот прифатен центар, соопшти австриската полиција.
Виенската полиција објави дека очекува со пристигнувањето на последниот воз во саботата на Западната станица во Виена, вкупно 8.500 бегалци. Од оваа бројка, околу 7.000 веднаш тргаа или ќе тргнат наскоро кон Германија, изјави за агенцијата APA полицискиот портпарол Роман Хаслингер.
Виенските власти оценија дека околу 1.500 луѓе ќе ја минат ноќта на Западната железничка станица, а дел од нив ќе тргнат со првиот утрински воз во 6,30 за Германија.
Германската полиција очекува доаѓање на 10.000 бегалци, бидејќи канцеларката Ангела Меркел не постави ограничување за бројот на луѓе кои можат да побараат азил во земјата.
Австриската железница објави дека и во недела очекува исто така голем прилив од бегалци од Унгарија.
По денот кој го одбележаа судири, несогласување и хаос, унгарската влада ноќта кон саботата испрати стотици автобуси за да може да се пренесат илјадниците бегалци до австриската граница, а австриските власти се договорија со германските дека и тие ќе ги отворат своите граници.
На влегувањето во Австрија исцрпените Сиријци ги дочекува натписот со изрази за добредојде. По влегувањето во Минхен, многу Германци ги дочекале бегалците со колачи и пијалаци, пренесува во фоторепортажата Euronews во која се гледа мажа како ракоплеска и фотографи деца на бегалци со баварската полиција.
Од почетокот на 2015 година до границите на 28-те земји членки на Европската унија пристигнале 350.000 бегалци и имигранти, што европските челници, и покрај огромните разлики во ставовите околу бегалската криза, ги натера да се обидат да пронајдат решение за кризата. Меѓутоа, засега тоа се сведува само на билатерални лабави договори, а изостанува заедничкиот одговор на најголемиот миграциски бран во Европа од Втората свеска војна.
„Имајќи предвид дека нашите германски пријатели се пред истиот предизвик како и ние, сметам дека цела Европа треба да се разбуди, бидејќи помина времето за спиење“, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер.
„Сега предизвикот стои пред цела Европа чиј одговор би требало да биде единствен. А грешат оние кои и натаму сметаат дека со повлекувањето од ЕУ или поставувањето бодликави огради околу Австрија ќе го решат проблемот“, порача австриската министерка.
Унгарија, која е главниот влез во европската Шенгенска зона без граници за мигрантите, зазема цврст став ветувајќи дека ќе ја затвори својата јужна граница со нова висока ограда до 15-ти септември и оти ќе распореди воени и полициски единци кои би го спречиле сé поголемиот прилив на бегалци и мигранти. Таквите активности треба да ги одобри парламентот во Будимпешта следната седмица, и голема е веројатноста дека овој предлог на владата ќе биде прифатен.
Првиот човек на унгарската полиција изјави во саботата дека Унгарија нема повеќе да закупува автобуси со коишто ќе ги превезува мигрантите до границата со Австрија, и истакна дека превезувањето на илјадниците ноќта кон сабота била еднократна иницијатива. Неколку стоици нестрпливи мигранти, пак, во саботата утрото пеш тргнаа од Австрија на патот долг околу 250 километри до австриската територија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.
Европа
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици
Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.
Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.
Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.
Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.