Европа
Оланд: Франција ќе ѝ ги врати парите на Русија доколку не ги испорача бродовите
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави во средата дека Париз ќе ѝ ги врати парите на Москва доколку двата носача на хеликоптери од типот „Мистрал“, не бидат испорачани.
„Доколку бродовите не бидат испорачани, не знам како може да бидат платени, тоа е едноставно. Позицијата на рускиот претседател е сосема разбирлив“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд одговарајќи на новинарско прашање да ја коментира изјавата на неговиот руски колега Владимир Путин во врска со надоместокот за средствата исплатени за двата носача на хеликоптера, пренесува AFP.
„Тоа е прилично едноставен принцип, нели? Или ги испорачувате и за тоа сте платени, или не ги испорачувате и треба да го вратите она што е платени и во секој случај, не можете да барате дополнително да ви платат“, додаде Оланд.
„Ги разгледуваме сите претпоставки и засега испораките на ‘Мистралите’ не е можна“, рече францускиот претседател по средбата со украинскиот челник Петро Порошенко.
Во неделата Оланд изјави дека „Париз и Москва преговараат за да изнајдат решение од таа криза“, откако претходно минатиот четврток Путин јасно порача дека Русија очекува Франција да ѝ ги врати парите кои се исплатени според договорот уште од јуни 2010 година, во времето на претседателот Николас Саркози во вредност од 1,2 милијарди евра.
Франција во мај 2014 година соопшти дека ќе го разгледа договорот со Русија во октомври, но не претходно. Меѓутоа, француски дипломатски извори изјавија дека договорот со Русија од јуни 2011 година за продажбата на два носача на хеликоптери „Mistral”, со можност да продаде уште два, во висина од 1,2 милијарда евра, нема да биде дел од третиот круг санкции против Москва. Во меѓувреме Москва соопшти дека, како што беше планирана и заедничка изградба на ваквите пловила, може да ги изгради самата, бидејќи според договорот веќе ја поседува целата техничка документација.
Во моментов во бродоградилиштето во Сен-Назер привршува изградбата на носачот „Владивосток“ за руската воена морнарица кој требаше да биде испорачан до крајот на 2014 година и за кој Русија веќе обучи 400 морнари.
Вториот брод именуван „Севастопол“, според седиштето на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, беше почнат со изградба во Санкт Петербург во јуни 2013 година а потоа беше пренесен во Сен-Назер каде што ќе биде довршен. Тој треба да ѝ биде предаден на руската морнарица до крајот на 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.