Европа
Оланд ја моли ЕУ за трпение, ветува реформи
Францускиот претседател Франсоа Оланд ја повика во четвртокот навечер Германија и другите европски партнери да бидат трпеливи и да ѝ дадат на неговата земја повеќе време за спроведување на реформите пред намалување на буџетскиот дефицит во согласност со договорените прописи на Европската унија, но сепак призна дека резултатите пребавно се остваруваат.
На почетокот од прес-конференцијата францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека Париз ќе им се придружи на САД во воздушните напади врз терористите од Исламската држава во Ирак и дека ќе испрати воена полска болница во Гвинеја како помош во сузбивањето со епидемијата на еболата во западна Африка.Меѓутоа, за внатрешните прашања челникот на француските социјалисти кој како претседател на Франција го има најнискиот процент на поддршка на сите времиња од само 13 отсто, вети дека ќе ги спроведе реформите до крајот на својот мандат во 2017 година, оти ќе ја модернизира земјата, ќе ја заживее економијата и истовремено ќе го зачува великодушниот социјален модел.Претседателот Оланд, кој одбива да ја укине 35-часовната работна седмица, да ја намали најниската плата и да ја подигне возраста за пензионирање или да излезе од еврозоната, изјави дека од Франција не смее да се бара во пет години да ги спроведе реформите за кои на Германија ѝ биле потребни десет години и освен тоа во далеку поповолни економски услови. Премиерот Мануел Валс таквиот став ќе ѝ го пренесе на германската канцеларка Ангела Меркел кога во понеделник со неа е се сретне во Берлин, најави Оланд.Две седмици откако Париз го предизвика гневот на европските партнери со изјавата дека јавниот дефицит на припишаното европско ниво од 3 отсто од националниот БДП нема да го намали до 2017 година, а тоа е две години по веќе продолжените рокови, Оланд порача дека нема да има нови кастрења. „Франција нема да стори повеќе од тоа, бидејќи тоа би било лошо за растот, Франција нема да ги зголеми даноците, бидејќи тоа би му штетело на заздравувањето“, изјави Оланд пред 350 новинари и целата негова влада.„Не барајте од нас во пет години да го сториме она за што на нашите германски пријатели им беа потребни десет години во далеку поповолна економска атмосфера и без присила на јавниот дефицит“, рече претседателот на Франција. Оланд, сепак, призна дека „резултатите бавно се остваруваа“, но и дека верува дека ќе ги постигне до 2017-та.Оланд порача дека со Берлин ќе работи на посилна интеграција, во прв ред во одржливата енергија, а за шкотскиот референдум за независност рече дека претставува закана за изградбата на Европа откако таа се градеше половина век./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија
Утрово, во Италија, во провинцијата Салерно, два питбула го нападнале тринаесетмесечното момче Франческо Пио Д’Амара и го убиле. Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата ги повредиле и нив. Според првите информации на полицијата, која на местото на несреќата пристигнала со возило на брзата помош, сопствениците на кучињата биле познајници на мајката. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот на семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.
Паола, мајката на детето, по несогласувањата со сопругот, се преселила во Камполонго, каде што изнајмила дел од селската куќа во која живеела сама со синот. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата, кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува „Салерно кориере“.
Според соседите, кучињата досега не покажале знаци на агресија. Градоначалникот на Еболи, Марио Конте, изјави дека администрацијата ќе ги сноси трошоците за погребот на детето. Во Италија не постои список на потенцијално опасни кучиња. Во 2006 година Министерството за здравство донесе правилник во кој беше вклучен список на раси што се сметаат за опасни, но оваа одредба подоцна беше укината.
Европа
Европа се загрева најбргу: објавен алармантен извештај
Заедничкиот извештај објавен од „Коперник“ (Службата за следење на климатските промени на ЕУ) и Светската метеоролошка организација (СМО) откри загрижувачки нови податоци. Имено, Европејците преку ден страдаат од невидена топлина, а навечер се под стрес поради непријатните горештини.
Европа е континентот што најбргу се загрева, предупредуваат експертите, затоплување со стапка далеку над глобалниот просек.
Стапката на смртност од топлина е зголемена 30 % во последните две децении во Европа. Економските загуби поврзани со временските услови и климата се проценуваат на 13,4 милијарди евра, според извештајот, како што објави „Гардијан“.
Според извештајот, температурите во Европа биле над просекот 11 месеци минатата година вклучувајќи го и најтоплиот септември од почетокот на евиденцијата. Поради жештините и сушата, имаше големи пожари, кои ги опустошија селата и ги задушија жителите на градовите.
Пожарите беа најинтензивни во јужноевропските земји, како Португалија, Шпанија и Италија. Грција беше погодена од најголемиот шумски пожар во ЕУ, изгореа 96.000 хектари шума, се вели во извештајот.
Од друга страна, обилните дождови предизвикаа смртоносни поплави. Во 2023 година Европа беше околу 7 % повлажна од просекот во последните три децении. „Минатата година Европа беше погодена од најголемиот шумски пожар. Во исто време бевме сведоци на една од највлажните години, силни морски топлотни бранови и разорни поплави“, изјави Карло Буонтемпо, директор на „Коперник“.
Континентот ја доживеа најтоплата година досега. Северозападна Европа го доживеа најтоплиот јуни досега, а поголемиот дел од Европа беше погоден од топлотни бранови за време на продолженото лето од јуни до септември.
На врвот на топлотниот бран во јули, 41 отсто од јужна Европа беше погодена од силен до екстремен топлотен стрес, што ги влошува постојните здравствени состојби и може да го зголеми ризикот од болести.
На Пиринејскиот Полуостров и во Источна Европа имаше суша. Бројот на денови со снежни врнежи беше под просекот, се вели во извештајот, а недостигот на зимски снег во комбинација со летните топлотни бранови значеше дека глечерите на Алпите исклучително се топат. Во последните две години алпските глечери изгубија околу 10 % од преостанатиот волумен.
Сè уште не е сосема јасно како глобалното затоплување предизвикува сè повеќе и повеќе обилни врнежи. Потоплиот воздух може да задржи повеќе влага, што овозможува поекстремни бури. Но, од друга страна, поради сложеноста на климатските промени, врнежите не мора секогаш да се случуваат. Постои многу посилна врска помеѓу глобалното затоплување и топлотните бранови.
Извештајот не дава податоци за минатата година за бројот на смртни случаи поврзани со топлина, но се знае дека имало 70.000 дополнителни смртни случаи поврзани со топлина во 2022 година. „Бројот на смртни случаи поврзани со топлина веројатно ќе биде поголем во 2023 година“, рече климатологот Фридерике Ото од Империјал колеџ во Лондон.
Европа
Напад во Русија, двајца полицајци загинаа, еден повреден
Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет кога неидентификуван напаѓач нападнал руска полициска единица во градот Карачаивск во Карачаевско-Черкезија, во Северен Кавказ, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.
Како што се наведува, денеска, непознато лице со огнено оружје пукало неколкупати во полициски одред во градот Карачајевск, а потоа напаѓачот ги украл службеното оружје и муницијата на полицијата, пренесува „Интерфакс“.
Потрагата по напаѓачот е во тек.