Европа
Oланд ја поздрави ‘историската’ одлука на ЕУ и ‘смелиот’ избор Ципрас
Францускиот претседател Франсоа Оланд го поздрави договорот во склучен во понеделникот во мугрите во Брисел, нарекувајќи го „историска одлука која на Грција ѝ овозможува да остане во евозоната“, истовремено истакнувајќи го „смелиот избор“ на грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека германската канцеларка Ангела Меркел, се задржа на тоа дека постигнатиот договор за Грција значи почеток на преговорите за новиот пакет финансиска помош за оваа земја.
„Доколку денеска не беше постигнат овој договор, би била доведена во прашање веродостојноста на Европа“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по вонредниот самит на челниците на земјите од еврозоната кој траеше цели 17 часови. Притоа истакна дека во договорениот документ се споменува реструктуирањето и олеснувањето на сервисирањето на грчкиот долг низ подолги рокови за исплата и пониски камати.
„Договорот е постигнат, договор кој Франција го посакуваше цело време, договор кој на Грција ѝ овозможува останување во Европа. Грчкиот премиер направи смел избор во моментот кога од него беа барани реформи, но истовремено беше свесен за фактот дека тоа е услов за продолжување на финансирањето“, изјави Оланд според кој Грците со заемот од 80 милијарди евра ќе успеат да ги финансираат проектите и ќе ги почитуваат преговорите.
„Целта на преговорите беше да се сочува еврозоната во целост, да се одржи солидарноста и да им се даде надеж на Грците по повеќегодишните патења и мерки за штедење, иако тие не завршија и Грција мора да продолжи да се труди кога станува збор за нив“, предупреди францускиот претседател.
Улогата на Франција во преговорите бие да настојува да ги приближи меѓусебните ставови, истовремено почитувајќи го грчкиот народ, но и другите земји во еврозоната“, реле Оланд за кого AFP пишува дека во текот на кризниот период работел на компромисно решение, настојувајќи да ги ублажи острите ставови на Берлин.
Кусо по Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел во настапот пред новинарите во Брисел, истакна дека е постигнат договор со Грција и оти се договорени условите за почетокот на преговорите за третиот пакет надворешна финансиска помош за презадолжената земја.
„Имаме отворен пат за нова помош“, истакна канцеларката. Меркел потцрта дека сега постојат сите услови за отпочнување на програмата за помош на Грција во рамките на Европскиот механизам за стабилизација (ESM). Обемот на предложената помош, според неа, на крајот може да достигне 82 до 86 милијарди евра во текот на три години, пренесе Reuters.
Шефицата на германска владата појасни во тој контекст дека „Еврогрупата е подготвена да се договори за дополнителни мерки, доколку е неопходно“, но истакна и дека отпишувањето на долгот за земјата која е во длабока должничка криза не е на дневен ред,
„Во суштина, предностите ги надминуваат недостатоците (во договорот за Грција з.м.). Сметам дека Грција добива можност да се врати на патот на расот. Тргнувам од тоа, од она што е понудени“, истакна Меркел, Посочи и дека е неопходно подобро да се искористат постојните можноста за приватизацијата во Грција.
Грчката влада претходно на доверителите им понуди план за радикални реформи насочени кој подобрување на јавните финансии, во замена за отстапки од нивна страна и финансирање во износ од дополнителни 53,5 милијарди евра до средината на 2018 година. Еден од многубројните предлози понудени до Еврогрупата е укинувањето на повластената даночна стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) за бродосопствениците. Новиот предлог, исто така, го вклучуваше и ветувањето на владата во Атина да ги одреди роковите до кои ќе се спроведе тендерска постапка за приватизацијата на двете главни грчки пристаништа Пиреа и Солун, најдоцна до октомври годинава. Покрај тоа, се нуди и забрзување на подготовките за приватизација на регионалните аеродроми, железничката компанија „TrainOSE“, како и територијата на поранешниот атински аеродром „Елиникон“.
Грција се согласи со формирањето фонд во вредност од 50 милијарди евра со кој ќе се гарантира третата програма за помош, рече претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јероен Дијслеблом.
„Посакуваниот размер на фондот, во кој ќе се акумулираат активите на Грција, ќе изнесува 50 милијарди евра, и неговото седиште ќе биде во Грција“, рече Дијселблум, што е во спротивност со претходните најави на европските дипломати дека овој фонд ќе биде стациониран во Луксембург.
„Ќе виде формиран фондот во кој ќе се префрлаат средствата коишто потоа ќе бидат монетизирани преку нивна приватизација или комерцијална употреба. Фондот ќе биде во насока на решавање на должничкиот проблем, или за намалување на долгот, и исто така може да се искористи за докапитализација на банките“, прецизираше Дијселблом.
„Проблемот со докапитализацијата на банките, е еден од клучните предизвици со кои се соочуваме по завршувањето на обликувањето на програмата за помош. За тоа се потребни околу 25 милијарди евра, што е 50 отсто од вкупната вредност на фондот“, додаде челникот на Еврогрупата.
Европската комисија, пак, ќе обезбеди инвестиции во грчката економија од 35 милијарди евра, изјави по самитот на еврозоната, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. „Еврокомисијата е убедена дека ќе биде во можност да го реализира проектот за обезбедување инвестиции во реалната економија на Грција до 35 милијарди евра“, порача Јујкер.
„Челниците постигнаа едногласен договор, така што преговорите за третата програма за помош може да започнат, со строги услови“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на прес-конференцијата по завршувањето на самитот. Додаде дека министрите за финансии од еврозоната, кои во понеделникот попладне ќе се сретнат на редовен состанок, ќе разговараат за итното финансирање на Грција, за да се премости периодот додека не биде договорена новата програма за помош. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.