Европа
Оланд: Мигрантскиот камп во Кале ќе биде урнат годинава
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави во понеделниот дека мигрантскиот камп во близина на северниот пристанишен град Кале, озлогласената „Џунгла“, ќе биде урнат до крајот на годинава, а барателите на азил ќе бидат разместени ширум земјата.
„Дојдов во Кале да ја потврдам одлуката којашто ја донесов со владата … дека кампот дефинитивно, сосема и брзо ќе биде урнат, а тоа значи до крајот на годинава“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по повод на својата првата посета на Кале во својство на шеф на државата.
Оланд ги повика британските власти да помогнат во давањето помош на мигрантите, од коишто најголемиот дел очајнички сакаат да се префрлат преку каналот Ламанш во Велика Британија.
„Одлучен сум британските власти да ја одиграат својата улога во хуманитарниот напор кои Франција ги презема“ во Кале, рече Оланд.
Во „Џунгла“ моментално престојуваат меѓу 7.000 и 10.000 мигранти, од коишто многумина илегално преку тунелот под каналот, во камиони и на бродови, да дојдат до британскиот остров.
Оланд во Кале се состои со претставниците на полицијата, локалните власти, невладините организации и деловниот сектор, но не го посети самиот бегалски камп.
Владата најавува дека мигрантите, до по повеќе од Судан и од Авганистан, ќе бидат префрлени во 164 центри за нивно прифаќање низ Франција „пред зимата“, што предизвика голем отпор на тамошните жители.
Оланд, покрај тоа, истакна дека одлуката Велика Британија да излезе од Европската унија не ја намалува нејзината одговорност за мигрантите во Франција.
Додаде, исто така, дека британското излегување од ЕУ не влијае врз билатералниот договор од Ле Туке, според кој британската граница ефективно се протега и на пристаништето за траекти во Кале, во којашто британските службеници за имиграција ги проверуваат пасошите и возилата.
Минатата седмица започна изградбата на ѕидот околу Кале со британско финансирање, кој треба да ги спречи мигрантите во обидите да се префрлат илегално преку каналот.
Кале стана еден од симболите на неуспехот не ЕУ да се справи со мигрантската криза која го подели континентот. Речиси половина малолетници без придружба од возрасни лица во Кале имаат семејства кои се во Велика Британија и според европските прописи имаат право да им се придружат на своите семејства./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.