Европа
Оланд предупреди дека постои терористичка закана за ЕУРО2016
Терористичка закана во текот на европското фудбалско првенство ЕУРО2016 кое ќе започне за неколку дека во Франција постои, но не треба да дозволуваме да бидеме заплашени, изјави во неделата францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Заканата, таа постои, за жал, и тоа уште долго ќе биде случај. Значи треба да се гарантира ЕУРО2016 да успее“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на радиото France Inter.
Франција е во зголемена состојба на подготвеност од атентатите од ланскиот 13-ти ноември кога беа убиени 130 луѓе и ги „стави во функција сите средства“ за да ја гарантира безбедноста на натпреварувањето, додаде Оланд.
Повеќе од 90.000 жандарми, полицајци и фирми за обезбедување се мобилизирани за да се осигурат стадионите и зоните за навивачите кои би требало да примат околу седум милиони љубители на фудбалот од 10-ти јуни до 10-ти јули.
Оланд рече и дека „постои напредок кон изнаоѓањето решение“ околу протестите на железниците кои траат од вторникот и штрајкот на пилотите најавен за идниот викенд, кои може да ги отежнат патувањето на навивачите меѓу француските градови, како и доаѓањата во земјата.
Додека пред едени месец тесно мнозинство Французи ги поддржуваше протестите организрани против најавените реформи на законот за работни односи со кој се намалуваат правата на работниците, најновата анкета покажува дека сега мнозинство жители се против бранот протести јави Reuters.
Анкетата на BVA спроведена на 2-ри и 3-ти јуни на 1.172 испитаника, покажала дека 54 отсто од Французите се против протестите, додека 45 отсто ги поддржуваат.
„Неколку дена пред почетокот на европското фудбалско првенство, додека никаков излез од социјалната криза не е на повидок, поддршката за протестите спласнува“, вели Ањез Баје од BVA.
По повеќе од три месеца преговори, често и насилни протести и бранот штрајкови вклучително и во рафинериите и во нуклеарните централи, социјалистичката влада на Оланд е пред голем притисок да пронајде решение пред почетокот на ЕУРО2016./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.